21 Мај, 2024
0.0294

Димитров од европарламентарците бара ветeр в грб, за возврат нуди плодна жетва

Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров во денешното обраќање пред Комитетот за надворешни работи во Европскиот парламент (AFET) зборуваше за новото лице на Македонија, како држава на можности, а не на кризи.

МНР Димитров пред членовите на Комитетот даде детален осврт за текот на имплементација на клучните реформи во земјата, како и нашата посветеност на градење мостови на добрососедство, регионална и меѓународна соработка, со цел овозможување видлива и достижна европска перспектива

„Градењето модерна европска демократија е, пред сè, во интерес на нашите граѓани, во интерес  на земјите од регионот и од интерес на ЕУ. Стабилна, економски просперитетна и успешна Република Македонија подразбира стабилен и просперитетен регион."

Министерот појасни и дека сите треба да учиме лекции од минатото во поглед на статус кво-то на планот на европските интеграции.  На европарламентарците им порача „Предолго време искусуваме ветер во лице, дадете ни ветер во грб, а ние ќе возвратиме со мирни води и плодна жетва“. Вратеното внимание на нашиот регион во "храмот" на европската демократија - Европскиот Парламент, МНР Димитров го поздрави како охрабрувачки сигнал.  Додаде дека сега е вистинското време да се препознае моментумот и ургентноста за енергичен и позитивен ангажман кон повеќе, а не помалку ЕУ интеграција со цел да ни случат добри работи, нам, на нашиот регион и на нашата Европа.

МНР Димитров оствари серија средби со повеќе евро-пратеници и притоа побара поддршка Република Македонија конечно да направи суштински исчекор во процесот на европските интеграции во текот на 2018 година.


Можеби ќе ве интересира

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

МАРИНАКИС: Нема ратификација на Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација

МАРИНАКИС: Нема ратификација на Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација

КАТИМЕРИНИ: Атина ќе почека владата на Северна Македонија да положи заклетва пред да одлучи за дејствијата што ќе ги преземе

КАТИМЕРИНИ: Атина ќе почека владата на Северна Македонија да положи заклетва пред да одлучи за дејствијата што ќе ги преземе

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати