19 Мај, 2024
0.0280

Димитар Апасиев се самопријави на американската црна листа

Објавено во: Македонија 09 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, како што вели, на време се пријавува на американската црна листа, која ќе важи за сите поединци кои ќе рсаботат протов клучните договори во регионот, меѓу кои се и Преспанскиот и Охридскиот договор во земјава.

„Здраво Кале. Ај да се самопријавам со време, да не имате листа на чекање“, напиша денеска Апасиев на својот фејсбук профил.

Како што е познато, Апасиев е жесток противник на Преспанскиот дпоговор, со кој беше сменето уставното име на државава во Република Северна Македонија.

А како што веќе објави Фактор, претседателот на САД Џо Бајден издаде декрет за земјите од Западниот Балкан со кој ќе се стават на американската црна листа сите поединци кои работат против клучните договори во регионот.

Декретот им дава овластување на сојузните власти да блокираат имот и да им забранат влез на сите лица за кои Вашингтон ќе процени дека работат на штета на клучните договори во регионот, вклучувајќи ги и Преспанскиот и Охридскиот договор.

„Извршна наредба за блокада на имот и спречување влез во САД за одредени лица кои придонесуваат кон дестабилизација на состојбата на Западниот Балкан“, гласи потпишаниот документ од страна на Бајден.

Задолжен за извршување ќе биде Министерството за финансии на САД во консултација со Стејт Департментот. На црната листа ќе да се најде секој кој директно или индиректно ги нарушува мирот, безбедноста, стабилноста или територијалниот интегритет на земјите од Западниот Балкан, како и секој кој директно или индиректно се впушта во акции или политики кои ги нарушуваат демократските процеси и институции во регионот. 

Ова важи и за секој кој извршил или поддржал злоупотреби на човекови права или бил вмешан, директно или индиректно, во корупција или поткуп, вклучително и владини претставници на сите нивоа.

Фото: МИА

Можеби ќе ве интересира

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот