19 Мај, 2024
0.0292

Деца не знаете што е војна – Емотивен статус на босански ветеран

Објавено во: Балкан 05 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Елдин Курбашиќ од Сараево ги освои социјалните мрежи со емотивниот статус во кој пишува што всушност значи да се војува како предупредување за сите вжештени глави на Балканот кои фантазираат за етнички судири и крвопролевања. „Бидејќи се крена „кука и мотика“ на патриотите и родољуби од сите врсти, од сите меридијани и паралели, со сите бои на партиски книшки и имотни листови, повикуваат на војни и фронтови… ред е да се сподели знаење, чиста емпирија, ништо препишано: Војна за почетници (низ перспектива на војниците). – Родителите од прозорецот го набљудуваат ридот додека го девастираат илјадници гранати, а знаат дека ти си горе во акција. Гледаат и молат Бога да се вратиш жив, па и по цена да останеш инвалид. Само да си жив. - Не мора да те погоди куршум или шрапнел за да загинеш. Те убиваат и детонациите, од ударите пукаат внатрешните органи. Првите симптоми вклучуваат губење на свеста и повраќање на крв. - Вратен од акција добиваш должност на сопругата и мајката на твој соборец и на неговата двегодишна ќерка да им кажеш дека нивниот син, сопруг и татко починал. Се препорачува да имаш лента седативи и веднаш да им дадеш. Они вриснуваат во плач уште кога ќе те видат, како со двајца другари им стоиш пред врата, бидејќи дефинитивно на лицето немаш насмевка. Тогаш со сигурност на неколку секунди помислуваш и претпоставуваш како твоите би реагирале во истата ситуација. – Размена на мртвите. E ева е посебна дисциплина на психолошко сјебување. Проверуваш над 120 тела за да го пронајдеш телото на роднината. Нема да одам во повеќе детали. - Откриваш дека крвоскокот од феморалната артерија кога ќе ја погоди куршум е околу пола метар во висина, а ти ја ставаш дланката врз неа, додека со другата рака му го вадиш јазикот на другар ти од уста за да не се угуши во шокот кој настапува веднаш. - Имаш околу 10 секуди на другар ти да му го сопреш крварењето од белите дробови погодени со шрапнел. Ако немаш вистински завој и целофанот од кутијата цигари може да ти помогне. - Куршумот има брзина од околу 1 км во секунда. Лета непрвилно околу сопствената оска, има неправилен облик од повеќеслоен метал и топлина од околу 250 степени и ги раскинува ткивото, коските, вените и артериите во дел од секундата. - Глувчешка треска: Ако дома си се навикнал на стаорци со големина на мачор, во војната додека лежиш и ги гледаш како одат на најлон врз тебе ќе се навикнеш и на болеста која се вика глувчешка треска и е многу честа и кај војниците во рововите. Твоите бубрези сигурно нема да се навикнат. - Дрвото само од себе пука на -17 степени додека си на стража. - Советот на Итната помош повеќеслојно да се облекувате, добива сосема нова димензија кога месец дена и повеќе мораш да бидеш така облечен во кал до колена. - Ќе ги занемариш нутритивните вредности на маргаринот кој ќе го добиеш на парче леб и со него ќе ги намачкаш своите војнички чизми. Поважно ќе ти стане да имаш суви нозе во снегот отколку полн желудник. - Бајонетот не се носи за со него некого да заколеш, туку за да се закопаш во тврдата земја на некоја чистина (во текот на лудачкиот напад на кој те пратила команда во која седат хохштаплери и дилетанти) веднаш штом те поклопи непријателската артилерија. - Непријателскиот снајперист е поздодевен од било кој комарец. - Оружјето секогаш МОРА да ти биде суво. Нема водоотпорен сертификат како извесни мобилни телефони денеска. - Навалата на адреналин додека те држат во карантин пред акција е константна и околу 845 пати посилна од онаа при твоето прво сексуално искуство. Има уште многу, но мислам дека и ова е доволно за вжештените глави кои би сакале да војуваат и им порачувам: Не повикувајте на војни ако не сте способни за ова и уште десет пати повеќе, да го поднесете вие и вашите синови“.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс