19 Мај, 2024
0.0268

Дете правобранител во секое училиште

Објавено во: Мои пари 24 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

По повод 20-ти ноември, Меѓународниот ден на детето, Заменик Народен Правобранител одговорен за детските права г-ѓа Васка Бајрамовска Мустафа, се сретна со децата правобранители. На средбата децата правобранители имаа можност да се запознаат подетално со функцијата Народен правобранител на една држава, одговорностите на истата, како и улогата која оваа функција ја има кон граѓаните во остварување и заштита на нивните права. Дискутирајќи за проблемите со кои се соочуваат децата во рамките на нивното работење во училиштето, Народниот правобранител им ја долови одговорноста и обврската која овие детски правобранители ја имаат, да умеат успешно да ги препознаваат повредите на детските права во текот на училишната настава и истовремено да интервенираат до училишниот кадар, како и до Заменикот на Народниот правобранител на РМ, се со цел да помогнат во зајакнување на заштитата на детските права.

Зоран Илиески, Извршен директор на Коалиција СЕГА "Ние веќе започнавме со процес на иницијатива за измени и дополнувања во законот за средно образование, со цел регулирање на учеството на децата и младите во процесите на донесување одлуки кои нив ги засегаат. На Националната работилница, која се одржа во Струга, младите и институциите порачаа дека во секое училиште треба да се воспостави дете правобранител кое ќе ги брани и застапува правата на учениците во училиштата, и кое ќе биде во тесна соработка со ученичката организација и педагошко- психолошката служба се со цел обезбедување услови за непречено спроведување на детските права. "

Од 2011 година Коалиција на младински организации СЕГА го спроведува проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“ со поддршка на Детската Фондација Песталоци од Швајцарија. Проектот се спроведува во 20 училишта (10 основни и 10 средни училишта) во 10 градови во Република Македонија (Прилеп, Кавадарци, Дебар, Тетово, Струга, Охрид, Гостивар, Куманово, Штип и Битола). Во состав на проектот во училиштата се спроведуваат демократски избори на претседатели на класови и се воспоставува училишна/младинска организација и функционира моделот за заштита на детски права Дете Правобранител.

Овие активности се спроведуваат во рамките на проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“, финансиран од Детската Фондација Песталоци. Коалицијата на младински организации СЕГА е формирана во 2004 година со цел да придонесе кон процесот на креирање и имплементација на Националната стратегија за млади на Р.Македонија и да помогне во исполнување на потребите на младите. Коалицијата ја сочинуваат 22 членки.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО