05 Мај, 2024
0.0269

Десетина земји во Европа продолжуваат да го имунизираат населението со вакцината на АстраЗенека

Објавено во: Свет, Корона Вирус 18 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Десетина земји во Европа продолжуваат со имунизација со вакцината АстраЗенека. 

Италија, Франција, Германија, Шпанија, Словенија и Бугарија објавија дека ќе продолжат имунизација со вакцината на Оксфорд и АстраЗенека, откако денеска Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека е безбедна и ефективна и нема никаква врска со зголемен ризик од појава на тромбоемболични настани, како згрутчување на крвта. Шпанија, Португалија и Холандија ќе продолжат од следната недела. ЕМА направи проценка на безбедноста на употребата на оваа вакцина откако 13 држави од ЕУ привремено престанаа да ја користат поради загриженоста околу несакани ефекти. 

Бугарија ќе продолжи со вакцинирањето со вакцината на АстраЗенека  од утре. Шефот на Бугарската здравствена агенција кажа дека истрагата за смртта на една жена која починала откако се вакцинирала со АстраЗенека не утврдила директна врска со имунизацијата. Бугарија има околу 100.000 дози од оваа вакцина.

Словенија утре ќе продолжи да вакцинира со оваа вакцина.  Ќе биде вакциниран државниот врв - претседателот Борут Пахор, претседателот на Националното собрание Игор Зорчиќ, премиерот Јанез Јанша и претседателот на Националниот совет Алојз Ковшц. Словенија во понеделникот привремено ја прекина вакцинацијата со вакцината АстраЗенека. 

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги повика земјите да продолжат да ја користат оваа вакцина, а ќе го објави и извештајот од своето испитување.

foto freepik

Можеби ќе ве интересира

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

РУСИЈА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Покрената и кривична постапка

РУСИЈА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Покрената и кривична постапка

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа