Денеска се отвора стационарот „Лајка“, Шилегов вели дека за две години Скопје ќе нема улични кучиња
Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2020
Денеска во 12.00 часот се пушта стационарот „Лајка“, а градоначалникот на Скопје, петре Шилегов, во утринската емисија на 24 Вести денеска рече дека со работата на јавното претпријатие, градот за две години нема да има повеќе проблем со уличните кучиња.
- Издадени се сите соодветни акти, објектот е во добра состојба. Стандардите се на високо ниво кои ги нема во регионот и е еден од подобрите во Европа. Ова значи дека системски ќе се решава проблемот и за две години ќе го снемува проблемот со кучињата-скитници од скопските улици, рече Шилегов.
Тој наведе дека во стационарот ќе има 100 легна со карантински дел, ветеринарна соба и соба за интензивна интервенција.
- Во Скопје се пребројани 1.740 улични кучиња. Сега влегуваме во системот на третирање. Ќе има и отворање на постапки за вдомување на бездомни животни., додаде Шилегов.