03 Мај, 2024
0.0282

Денеска протест на ВМРО-ДПМНЕ против поскапувањето на струјата

Објавено во: Македонија 09 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ денеска со почеток во 18 часот ќе одржи граѓански протест против зголемувањето на цената на струјата, откако тоа во понеделникот го најаваи лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, на прес-конференција.

„Отпорот станува наша должност и ова е време кога треба да се биде гласен. Протестот ќе започне во 18 часот пред Министерството за правда и ќе заврши пред Регулаторната комисија за енергетика и ќе бараме да се врати цената на струјата по старо“, рече Мицкоски.

Тој ги повика опозициските партии и невладините организации и поединци на формирање опозициски фронт против власта, која во обраќањето ја нарекуваше мафија која се богати преку грбот на народот.

„Можеби имаме различни гледишта и концепти, но нѐ обединува сиромаштијата. Со активен отпор на улица и да протестираме за секоја тема што ги мачи граѓаните. Не смееме да дозволиме богата влада, богати мафијаши, а сиромашен народ. Мафијата не се урива со една битка, туку со многу битки и труд. Ова е почеток на нивниот крај. Ние оттука тргнуваме“, рече Мицкоски.

На новинарско прашање, какви се нивните планови за следните протести, Мицкоски одговори дека во зависност од однесувањето на Владата, така и тие ќе се однесуваат. Најави дека ова ќе бидат мирни протести, со кои ВМРО-ДПМНЕ ќе биде заедно со народот за, како што рече, неправдите што се нанесени, било да се национални или социјални.

Паралелно со ова, Мицкоски најави и борба против власта преку институциите, односно во парламентот, исклучувајќи, како што рече, „бугарско сценарио“, притоа алудирајќи на нередите и насилните протести во Бугарија против актуелната власт.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?