19 Мај, 2024
0.0352

Денеска продолжува Собранието со работа, ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува само на 36 седница

Објавено во: Македонија 18 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Денеска попладне во 14.00 часот Собранието продолжува со работа со 32 седница, а на дневен ред е и 36-та која ги опфаќа законите за економска помош за граѓаните и фирмите за време на пандемијата.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува само на 36. седница на чиј дневен ред се законите од петтиот пакет мерки, изјави синоќа координаторот на пратеничката група Никола Мицевски. На гостувањето во централниот дневник на телевизија Сител, Мицевски рече дека нема да присуствуваат на 32. седница, која е закажана пред 36. седница.

– Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде во Собранието и ќе учествува во работата на 36. седница. Доколку немаат пратеници, сите 44 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат во пленарната сала. Нема да бидеме внатре на 32. седница. Работа на претседателот на Собранието е да констатира има или нема кворум за 32. седница. Доколку има кворум, работи по 32.седница и завршува со неа. Доколку нема кворум, не ја ни почнува или констатира и ја презакажува за некој нареден период, рече Мицевски.

Во четвртокот не беа изгласани овие закони со кои ќе можеше да бидат ослободени финансиските средства, пред се за компаниите, откако претседателот на СОбранието, Талат Џафери, не сакаше да прејде на 36 седница, додека пак пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ правеше влези-излези во салата и не сакаше да прави кворум за 32 седница, знаејќи дека на тенкото владеачко мнозинство поради Ковид-19 му недостасуваат тројца пратеници.

За денеска и од опозициската коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива испратија сигнали дека ќе присуствуваат на седницата за да не му дадат изговор на спикерот Џафери.


Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт