19 Мај, 2024
0.0328

Денеска Македонија против Косово го игра најзначајниот натпревар во својата историја, МВР забрани групно следење

Објавено во: Македонија 08 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во 20.45 часот против косовскиот национален тим го игра својот најзначаен натпревар до сега, бидејќи ако победи на националната арена „Тодор Проевски“ ќе биде на чекор до една голема завршница - Европското првенство.

Се работи за натпревар од полуфиналето на плејофот во Лигата на нации на две репрезентации кои ги освоија првите места во своите групи во Д-лигата, меѓутоа еднаш веќе одложениот меч ќе се игра без публика, поради коронавирусот, додека МВР забрани групно следење на натпреварот од страна на навивачките групи.

На ден пред фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Косово, Министерството за внатрешни работи информира јавноста дека се преземени сите потребни мерки за беспрекорна организација и одигрување на оваа утакмица. 

„МВР, во рамки на своите надлежности, во соработка со Фудбалската федерација на Македонија и другите надлежни органи, постапува по однос на обезбедување на сигурноста на учесниците. Преземени се сите мерки и активности за гарантирање на безбедноста на фудбалерите и другите учесници од пристигнувањето во Скопје, за време на натпреварот и по одигрување на мечот“, се вели во соопштението од Министерството.

Од МВР тврдат дека и во соработка со здравствените власти, се преземени сите потребни мерки за почитување на протоколите за заштита од ширење на Ковид – 19.

„Воедно, уште еднаш, ги информираме граѓаните дека, согласно препораките на Државниот здравствен и санитарен инспекторат и Одлуките на Владата, не е дозволено присуство на публика на натпреварот. Апелираме до граѓаните и да не се организира заедничко следење на натпреварот. Само со почитување на протоколите за заштита од ширење на Ковид 19 ќе помогнеме за што побрзо нормализирање на состојбата.

До навивачките групи, со кои поголем дел од Секторите за внатрешни работи, односно Отсекот за превенција, одржаа средби, апелираме да се воздржат од инциденти, употреба на говор на омраза или други нарушувања на јавниот ред и мир, затаоа што тоа најстрого ќе биде санкционирано“, се вели во соопшштението.

Пред три недели Министерството за внатрешни работи објави дека се идентификувани 16 навивачи на Вардар кои беа снимени и објавени на социјалните мрежи како извикуваат „Мртов Шиптар, добар Шиптар“ по натпреварот од фудбалската лига во Ѓорче Петров. 

Според снимката, можеше да се види дека скандирањето било во моментот кога поминувала колона од Албанци кои биле тргнати на свадба.

- Се повикуваат на разговор, идентификувани се 16 лица. МВР има нута толеранција за вакви случаи, рече тогаш гласноговорникот пред медиумите. Најавено беше дека кривичните пријави ќе бидат поднесени кога ќе бидат завршени сите оперативни активности и ќе бидат најостро санкционирани, најавува портпаролката.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража