21 Мај, 2024
0.0377

Денеска е Прочка: Обичаите велат ова треба да го направите

Објавено во: Македонија 01 Март, 2020

Добивај вести на Viber

„Прости ми, да ти простам“ со овие зборови денеска верниците, на големиот празник, ќе забораваат на кавгите, на проблемите, на недоразбирањето и со чиста совест и душа ќе ги започнат велигденските пости. Прочка или Велики поклади, е ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на Велигденскиот пост.  Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на  седум недели пред Велигден. За Прочка семејството би требало да го помине празникот во пријатна и топла атмосфера и со богата трпеза. Помладите членови од семејството треба да побараат прочка од постарите членови со зборовите „прости ми“, а постариот член  одговара „простено да ти е од мене и од Бога“. 

На овој ден се изведуваат  богати обичаи како што се проштевањето, по што и празникот го добил името, потоа амкањето, обредните огнови, богатата трпеза, гатањето за живот и среќа, обичаите за очистувањето од болви, вошки и други штетници. Обичаите се стари и македонски, кои се пренесуваат од колено на колено меѓу генерациите. Мора да се напомене, дека од верски аспект, само простувањето како обичај има христијанска основа, додека други се остатоци од претхристијанските пролетни празнувања. 

Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни продукти или сукани пити. Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца. Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда. Еден од главните елементи на Прочка е маскирањето и преоблекувањето. Според обичајот, за Велики поклади порано се маскирале само мажите, а маските требало да бидат што пострашни и посмешни.


Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

ПРЕТРЕС И КАЈ ПОРАНЕШНИОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ: Осомничен е за поткуп

ПРЕТРЕС И КАЈ ПОРАНЕШНИОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ: Осомничен е за поткуп

Тошковски: Од денеска демонтирање на дивиот забавен парк кај Борис Трајковски

Тошковски: Од денеска демонтирање на дивиот забавен парк кај Борис Трајковски

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра

ВАЖНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес од пладневните часови на повеќе места врнежи, грмежи и засилен ветер – постои опасност од посилно невреме и поројни поплави

ВАЖНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес од пладневните часови на повеќе места врнежи, грмежи и засилен ветер – постои опасност од посилно невреме и поројни поплави

ТРОЈЦАТА ГОЛЕМИ СИГУРНО НЕ СЕ, НО КОЈ Е ОД ПОМАЛИТЕ, УШТЕ НЕ СЕ ЗНАЕ - има ли нов играч во хотелиерската компанија

ТРОЈЦАТА ГОЛЕМИ СИГУРНО НЕ СЕ, НО КОЈ Е ОД ПОМАЛИТЕ, УШТЕ НЕ СЕ ЗНАЕ - има ли нов играч во хотелиерската компанија

ПЛАТАТА ЈА КРИЈАТ КАКО ЗМИЈАТА НОЗЕТЕ: Се бараат жени за чување деца во Германија, но „за повеќе инфо инбокс“

ПЛАТАТА ЈА КРИЈАТ КАКО ЗМИЈАТА НОЗЕТЕ: Се бараат жени за чување деца во Германија, но „за повеќе инфо инбокс“