Дејвид Гир: Аферата со пасошите не го загрозува безвизниот режим
Објавено во: Македонија 18 Април, 2021
Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир, вели дека афера со лажните пасоши која ги надминува македонските граници не го загрозува безвизниот режим, но дека случајот треба да биде процесиуран до самиот крај.
- Точно е дека безбедноста на документите е важен репер во набљудувањето на спроведувањето на безвизниот режим. Но, мислам дека е комплетно прерано да почне да се зборува дали ќе има или не влијание врз безвизниот режим. Ако имате наводи за безбедноста на документи важно е како државата се справува со тоа, како судскиот систем ќе управува и доколку има погрешното постапување да се справи со тоа. Ако има дупки тие да се затворени. Мислам дека тоа е случајот, а не безвизниот режим, вели Гир во денешното интервју за РСЕ:
Евроамбасадорот напомена дека е важно самиот систем да спроведе темелна истрага.
- Она што го кажувам е дека во случаи кога имате наводи за погрешно постапување што може на пример да влијае врз визите, важно е самиот систем, судскиот систем да спроведе темелна истрага и кога истрагата е комплетно завршена ако има докази за погрешно постапување тие да бидат спроведени преку судскиот систем, додава тој.
За одложувањето на пописот, Гир вели дека Евростат работел одблиску со Државниот завод за статистика, но дека бил одложен поради пандемијата.