20 Мај, 2024
0.0270

Дали сте подготвени? На Pickbox доаѓаат “Фарго“, “Животно семе“ , третата сезона на Викинзи и многу други одлични серии

Објавено во: Мои пари 26 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Pickbox за есента подготви одлични ексклузиви, премиери и хит-серии – Фарго со Били Боб Торнтон, новата сезона на научно-фантастичниот деликатес Животно семе со Хали Бери и опасните Викинзи, кои во третата сезона пристигнуваат пред вратата на една од најголемите европски метрополи.

?????????????????????

Фарго – хроника на морничави убиства

Серијата Фарго, која во септември пристигнува на Pickbox, е инспирирана од истоимениот филм што освои два „Оскара“, а гледачите ги шокираше со низата убиства што се случија во еден мал град во Минесота. Можеби серијата Фарго и не би била толку посебна ако нејзини извршни продуценти не беа истите оние одлични браќа Коен кои го режираа филмот и ако во неа не ги видевме ѕвездите како Били Боб Торнтон, Мартин Фримен, Колин Хенкс, Кирстен Данст, Тед Денсон, Боб Оденкирк и многу други.

Сезоните што ги очекувавме

Добитничката на „Оскар“ Хали Бери и најпознатиот хрватски актер со кариера во Холивуд Горан Вишњиќ ги гледавме како брачната двојка Вудс во серијата Животно семе (Extant). Во втората сезона Хали Бери, која ја игра астронаутката Моли, ќе биде самохрана мајка на еден мал робот и ќе има многу проблеми на глава. Имено, животот на Моли се превртува наопаку кога од вселенската соло-мисија се враќа трудна, а таткото на нејзиното дете не е маж ѝ Џон.

Освен Животно семе, на Pickbox пристигнува и третата сезона од историскиот спектакл Викинзи во кој ќе гледаме како напредува опсадата на средновековните европски брегови. До која европска метропола ќе стигнат викинзите и дали ќе им појде од рака да го заземат градот, гледајте во последната снимена сезона на Викинзи.

До сега веројатно ги знаете сите тајни на докторот Вилијам Мастерс и на Вирџинија Џонсон, а на Pickbox можете да ја следите и најновата трета сезона од фалената серија Доктори за секс, веднаш по премиерата во САД!

foto3_TeenWolf

Мажот што стана жена

Вртоглавата популарност што ја постигна серијата Транспарентно (Transparent) откако се појавиле лежи врз луди темели. Едно нормално семејство од Лос Анџелес доживува шок кога таткото Морт одеднаш се изјаснува како трансродна личност. Морт станува Мора, а ние следиме како неговото семејство ќе го издржи неговото признание.Поради тоа што таткото на авторката на серијата  Џил Соловеј станал жена, серијата и повеќе од доволнопочива на веродостојни темели.

Дури три вселенски екипажи на Pickbox

Качете се на вселенскиотброд „Ентерпрајз“ и со капетанот Жан-Лик Пикард тргнете на далечно патување низ вселената. Ако сте непоправлив обожавател, на Pickbox освен Ѕвездени патеки: Следната генерација (Star Trek: The Next Generation) ве чекаат уште два научно-фантастични деликатеса: Ѕвездена порта: Вселена (Stargate Universe) и Ѕвездена порта СГ-1 (Stargate SG-1).

foto3_vikings

На Pickbox доаѓаат и….

А за да не паднете во депресија по враќањето од годишниот одмор, Pickbox во септември подготви и многу филмови, но и култни серии!

Така децата ќе се забавуваат со класиката на Дизни Принцезата и жабецот, како и со третиот и последен дел на тинејџерската сензација Средношколски мјузикл 3, а младите ќе можат да ја следат четвртата сезонана Младиот врколак (Teen Wolf), но и Марвеловата серија за омиленитес уперхерои, Агентите на ШТИТљубителите на научната фантастика ќе уживаат во најновата сезона на серијата на Стивен Кинг Подкуполата (Under the Dome), ќе се насмееме со класичните хумористични серии Кафуле Наздравје, Брачни води и Сите го сакаат Рејмонд и ќе се бориме против криминалот со сериите Интелигенција  (Intelligence), Шпионки (She Spies) и Раноиздание (Early Edition), а Купидон (Cupid) ќе ве натера да верувате во љубовта.

Љубителите на филмот нема да останат разочарани со хитовите од холивудската фабрика. На Pickbox доаѓаат Чудниот живот на Тимоти Грин (The Odd Life of Timothy Green), Патот на славата (Glory Road), Креветски украси и дршки од метли (Bedknobs and Broomsticks)Матурска (Prom), Супермоќи (Powers), како и Хрониките на Лизи Борден.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО