19 Мај, 2024
0.0315

Дали купувачите плаќаат два пати камата за производ на рати со картичка - Нептун вели работи законски

Објавено во: Економија 27 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Кои се законски обврски на трговецот за цената и наплатата. Потрошувачите имаат право да ги знаат овие моменти кога купуваат производи кои се ставени на акција, ако имаат посебна програма за попусти или ако се овозможени плаќања на рати, со или без пресметка на камата. 

Дали доведувањето на купувачот во тесно, односно дознавањето дека треба да плати камата на основната цена дури на каса, пред да го плати производот, не влијела на него да донесе одлука за купување која не би ја донел во друг случај. Дали купувачот би го однел на каса производот ако знаел дека ќе треба да плати дополнителна камата ако го купи на рати со картичка. Трговецот има законска обврска да го информира купувачот за цената или начинот на кој се пресметува цената. 

Од приложената фотографија се гледа дека на производот е истакната редовната цена, haPPy цената и haPPy цената до 48 рати за купување со потрошувачки кредит со НЛБ банка. Како што се гледа, каматата со вкупните трошоци (СВТ) за овој кредит е 16,73 отсто. Никаде не стои камата од 5 отсто или дека таа се наплаќа при купување на 5 рати со картичка. Очигледно е дека купувачот кога го видел производот на рафот во продавницата не добил соодветна информација од истакнатите цени за тоа колку треба да плати за него. 

Во „Нептун“ објаснуваат дека камата наплаќаат согласно стекнатата Дозвола за кредитори, односно Дозвола за одобрување на давање на потрошувачки кредити од Министерството за економија со број 25-4899/3 од 05.11.2014 година, согласно Законот за заштита на потрошувачи при договори за потрошувачки кредити. Но, доколку „Нептун“ во овој случај работел според овој закон, останува нејасно зошто трговското друштво, било да се јавило во улога на кредитор или на кредитен посредник, на потрошувачот не му доставило пред договорни информации или да му понуди да склучат договор за потрошувачки кредит во писмена форма. Исто така, на потрошувачот не му било презентирано ниту овластувањето на кредитниот посредник од кредиторот.

Како што веќе објавивме, откако потрошувачот побарал износот да го плати со картичка и да му биде поделен на пет рати, на каса му била пресметана дополнителна камата од 5 отсто. Со ова, купувачот двапати ќе плати камата, еднаш на „Нептун“ и втор пат на банката или финансиската институција која ја издала картичката.

Потоа од Нептун посочија дека откако потрошувачот побарал износот да го плати со картичка и да му биде поделен на пет рати, на каса му била пресметана дополнителна камата од 5 отсто. Со ова, купувачот двапати ќе плати камата, еднаш на „Нептун“ и втор пат на банката или финансиската институција која ја издала картичката.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?