19 Мај, 2024
0.0303

Дали дипломатскиот спор ќе ни го затвори рускиот пазар?

Објавено во: Економија 28 Март, 2018

Добивај вести на Viber

И покрај често пати јавно прокламираната културна, религиозна и историска блискост меѓу Македонија и Русија, официјалните статистички бројки за трговската размена и инвестиции двете земји се поразителни. Русија не е ниту првите 15 главни економски партнери на земјава, џиновскиот руски пазар со 144 милиони потрошувачи е затворен за македонските компании, а рускиот извоз главно се сведува на енергенси, природен гас. Но, руски пари има во Македонија. Тие не се гледаат во статистиката бидејќи најголем дел од нив доаѓаат преку трети земји, најчесто преку офшор компании во земји на даночен рај, како Кипар или Белизе, така што се затскрива вистинското сопствеништво и влијание врз македонската економија.

Сепак, официјалните податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека во последниве неколку години, трговската размена меѓу двете земји е во постојан раст, но протерувањето на рускиот дипломат од земјава и острата реакција на Москва за ова прашање и за намерата на Македонија да се приклучи кон НАТО се закана дека ќе се спушти рампата за македонските производи на рускиот пазар. А заканата е реална, бидејќи како што беше политичка одлуката за засилено руско присуство и влијание во Македонија и во другите земји од Западен Балкан, таков ќе биде и идниот чекор што ќе го преземе руската страна на полето на економските односи меѓу двете земји.

Според статистиката, Руската Федерација лани се пласира на 18- то место меѓу надворешно- трговските партнери на Македонија, зад Јужна Африка, Словенија, САД и Австрија. Нашите компании во 2017 година на рускиот пазар извезоа стока во вредност од 47,8 милиони евра, а увозот изнесуваше 129 милиони евра или вкупно 174 милиони евра, што е раст од 4,3 отсто на годишно ниво.

Колку за споредба, трговската размена со сите земји на ЕУ е клучна за македонското стопанство, ланскиот извоз вреди 4 милијарди, а увозот 4,3 милијарди евра. Наш најголем партнер е Германија, една од ретките земји со која имаме трговски суфицит, а каде лани извезовме стоки во вредност од 2,3 милијарди евра, а увозот беше 803 милиони евра.

За тоа колкав простор има за освојување на рускиот пазар најдобро илустрира изјавата на Сашо Ристовски, секретар на Македонската асоцијација на преработувачи на овошје и зеленчук (МАП), кој учествува на манифестацијата „Денови на македонската зимница“ која се одржува во Москва.

- Лани 32 членки на деловната асоцијација извезле вкупно 45.000 тони конзервирано овошје и зеленчук пред се во Западноевропските и прекуокеански земји, а од тоа само 121 тон во Русија. Во МАП не сме задоволни со ваквите бројки и заедно со Македонско-руската стопанска комора ќе се обидеме далеку поголем број конзервни производи да се најдат на овој пазар. Оваа средба само прв чекор во тој правец- изјави Ристовски.

Во земјава одамна е присутна руската нафтена компанија „Лукоил“, како и компании од областа на рударството, енергетиката, металургијата и финансиските услуги. Еден од најпознатите руски бизнисмени во Македонија е Сергеј Самсоненко, кој јавно се вклучи во политиката со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ уште додека беше на власт. Тој е сопственик на фудбалскиот и ракометен клуб „Вардар“, хотелот „Русија“ и спортската сала „Јане Сандански“ добиена на концесија на 35 години и на до неа новоизградениот хотел „Русија“ и на обложувалниците „Бет сити“.

Што може Македонија да и понуди на Русија на економски план? Имаат ли Македонските компании капацитет да го опслужат рускиот пазар? Секако, најконкурентни може да бидеме со млечни и земјоделски производи, вино, конзервната индустрија, но и туризмот и енергетиката се меѓу секторите кои можат да ја унапредат трговската размена. Македонско- руската стопанска комора често организира контакти со руски увозници преку разни манифестации и посети на саеми. Од 25 до 28 март во огромниот комплекс „Фуд сити“ во Москва пет македонски компании,  „Вори“ и „Випро“ од Гевгелија, „Ларс“ од Штип, „Дим комерц“ од Нов Дојран и „Аграр Ко“ од Кочани ги изложија своите производи и организираа дегустација за руските и купувачите од земјите од Евроазиската унија.

Нивните очекувања се дека Москва нема да ја затвори вратата за поголемо присуство на македонските производи во руските продавници.

(М.Б.)


Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?