19 Мај, 2024
0.0278

Дали битолски извршител „ја изрекетирал“ ЗК Пелагонија?

Објавено во: Економија 14 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Од соопштението што е јавно достапно на сајтот на Македонска берза е повеќе од уочливо дека менаџментот на ЗК „Пелагонија“ отворено кажува оти битолски извршител на конкретен начин употребил „прекумерна сила“. Тоа го направил така што за наплата на побарување запленил многу повреден имот на компанијата ЗК „Пелагонија“ иако тоа е спротивно на член 5 од Законот за извршување, а тоа е уделот во гасната централа „Пелагонија Енерџи“. Со тој гест извршителот Диневски ја изложил ЗК „Пелагонија“ на непотребен репутациски ризикИзвршителот Диневски за „Фактор“ тврди дека работел согласно овластувањата и дека не го прекршил членот 5 од цитираниот закон. „Фактор“ побара мислење и од Комората на извршители чиј потпретседател е токму извршителот Диневски

Најголемиот земјоделски комбинат објави соопштение на Македонска берза во кое дава содржински контекст од кој може да се заклучи дека битолски извршител применил прекумерна сила при извршување на побарување од комбинатот.

ЗК Пелагонија соопштението го објави затоа што станува збор за ценовно-чувствителна информација за имотот што го поседува ЗК Пелагонија поконкретно за уделот што го има во гасната централа „Пелагонија Енерџи“.

Имено, според официјалниот став на ЗК „Пелагонија“ извршителот Николче Диневски од Битола го запленил уделот на ЗК „Пелагонија“ во „Пелагонија Енерџи“. Но при тоа, според нив, не го применил членот 5 од Законот за извршување кој предвидува цитираме „ да се примени средство за извршување кое е поповолно со оглед на вредноста на износот кој се извршува и вредноста на предметот врз кој се извршува“.

Тоа значи дека извршителот Диневски иако можел да постапи поинаку затоа што се работи за извршување на износи со многу пониска вредност сепак решил да го заплени уделот на ЗК „Пелагонија“ во гасната централа.

ЗК „Пелагонија“ веднаш го платила износот што бил предмет на извршување по што всушност и била повлечена забраната за располагање со сопственоста врз уделот.

Институтот заплена на удел значи забрана за негово идно располагање, но не значи и промена односно одземање на неговата сопственост ниту значи промена на неговата вредност.

Извршителот Николче Диневски тврди дека ги применил сите расположливи законски мерки и дека не го прекршил цитираниот член. Еве го интегрално неговиот одговор до нашата редакција:
- За должникот ЗК Пелагонија АД Битола во изминатите 60 дена имав примено 7 барања за извршување на различни износи од кои некои надминуваа 1.000.000,00 денари по различни основи, како неисплатени плати и надоместоци од плата и други должничко-доверителски односи. Тековно од моја страна беа издавани налози за наплата од сметка на должникот ЗК Пелагонија но наплата немаше. Со истекот на 45 дена континуирана блокада на сметката исполнети беа законските услови за други правни последици согласно Законот за стечај и на барање на должниците морав да го променам средството за извршување. Испитувајќи ја економската состојба на должникот побарав информација од Заложниот регистар и утврдив дека уделот на должникот ЗК Пелагонија во „Пелагонија енерџи“ Дооел е заложен на висок износ, но сепак помал од номиналната вредност и решив дека со издавање на налози за заплена на уделот, ќе ги осигурам и наплатам побарувањата на доверителите. Ова и се потврди бидејќи неколку дена по спроведената забрана се наплатија побарувањата по издадените налози за блокада на сметката и намирени се сите доверители. На 11.11.2022 година до Заложниот регистар поднесов Барања за бришење на налозите за заплена на удел и очекувам истите се избришани.Со ниту едно дејствие не сум го повредил членот 5 или друга одредба од Законот за извршување и сметам дека на брз, евтин и ефикасен начин го реализирав извршувањето на побарувањата на доверителите“, пишува во одговорот на Диневски.

„Фактор“ побара став и од од Комората на извршители во кој Диневски е потпретседател. Доколку добиеме одговор ќе го објавиме во целост.

Зошто гасната централа е златната кокошка на ЗК „Пелагонија“?

Гасната централа на ЗК „Пелагонија“ има производен капацитет од 6 мегавати и е постројка што не ја загадува животната средина туку напротив обезбедува чиста животна средина. Како гориво за производство на струја го користи метанот кој нив природен процес се добива од шталскиот органски отпад од говедарските фарми на земјоделскиот комбинат.

Токму заради тие карактеристики оваа централа од државата има регулирана цена која ја продава електричната енергија и таа изнесува 180 евра за мегаватчас и е највисока од сите обновливи извори за производство на струја.

„Пелагонија Енерџи“ генерира значајни извори на средства за својата фирма мајка ЗК „Пелагонија“ која е единствен сопственик на удели во компанијата.

Ова е извадок од сајтот на компанија: Пелагонија Енерџи ДООЕЛ Логоварди Битола - биогасни електрани со инсталиран капацитет на енергетските објекти во Логоварди и Породин од 6 мегавати со преработка на  арското ѓубриво и заедно со фуражната пченка се добива биогас.
Електраните произведуваат зелена енергија од обновливи извори, кои истовремено значат и преработка на органскиот отпад од говедарските фарми Новаци и Породин во склоп на ЗК „Пелагонија“.
Целокупната проектна документација, технологијата и опремата се набавени од италијанската фирма „Рота Гвидо“, додека од „Џенерал електрикс“е купена опремата за производство на електрична енергија.

Целото соопштение е достапно на следниот линк SEI Net V2

Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?