20 Мај, 2024
0.0270

Да се вклучат граѓански организации во телата за одлучување – една од препораките од истражувањето „Учество на граѓанските организации во прекуграничната соработка“

Објавено во: Мои пари 19 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Граѓанските организации во Македонија се соочуваат со предизвици при имплементацијата на проектите за прекугранична соработка. и потребно е нивно учество во програмирањето на програмите за прекугранична соработка, покажува новото истражување „Учеството на граѓанските организации во прекуграничната соработка“, спроведено од АЛДА.

Резултатите од истражувањето беа претставени денес од страна на Ивана Петровска, истражувач и директор на АЛДА Скопје, Европската асоцијација за локална демократија.

Република Македонија има 4 програми за прекугранична соработка, со Бугарија, Албанија, Грција и Косово кои се финансираат со средства од Европската унија. Програмата за соработка со Србија треба да започне оваа година. Во периодот 2007-2013 година во овие 4 програми биле финансирани 206 проекти со вредност од 24.610.426 евра за македонските партнери. Во програмите учествувале општини, граѓански организации и други образовни, здравствени и културни институции.

„Предизвиците со кои граѓанските организации се соочуваат при имплементацијата на проекти за прекугранична соработка се финансиската стабилност за реализација на проектот. Всушност, иако Македонија е единствената земја од регионот која го покрива потребното кофинансирање од 15%, средствата се префрлаат откако проектот завршува и временскиот периоде долг поради што граѓанските организации се соочуваат со финансиски проблеми“ откри Петровска за време на презентацијата.

Истражувањетобеше реализирано во рамките на проектот „Граѓанските организации: носители на прекугранична соработка“ како дел на ИПА 2 механизмот. ИПА 2 механизмот е мрежа на граѓански организации кои се залагаат за поголемо учество на граѓанскиот сектор во програмирање на европските фондови.

Процесот на планирање на програмите за прекугранична соработка е партиципативен, меѓутоа граѓанските организации треба да бидат повеќе вклучени. Исто така, иако граѓанските организации се целосно вклучени во имплементација на проекти, тие воопшто не се вклучени во процесот на донесување на одлуки во програмите за прекугранична соработка. Имено, ниту една организација од Македонија не учествува во работењето на Заедничкиот комитет за следење, тело кое донесува одлуки во рамките на програмите за прекугранична соработка.

Кога станува збор за соработката на граѓанските организации со општините, истакнато е дека прекуграничната соработка може да биде поттик за воспоставување на партнерски односи. Всушност, самата природа на прекуграничната соработка е да поттикнува соработка помеѓу различни чинители на локално ниво со цел да се обезбеди трајност и одржливост на проектите кои ќе бидат во корист за заедницата.

„За Република Македонија е потребно да обезбеди поголемо вклучување на граѓанските организации во програмите за прекугранична соработка. Всушност, покомпетентно граѓанско општество кое е дел од демократските процеси и е во можност да имплементира ЕУ проекти е еден предуслов за влез на Македонија во Европската унија. Затоа, со цел да се обезбеди поголема улога на граѓанските организации во прекуграничната соработка, еден од предлозите од истражувањето е да се вклучат граѓански организации во телата за одлучување, барем како набљудувачи. Исто така, од голема важност е да се воспостави т.н. Гарантен фонд за доделување или позајмување на средства на организациите кои имплементираат европски проекти. Со тоа значително ќе помогне на граѓанските организации во нивното административно и финансиско управување со ЕУ проектите“, истакна Ивана Петровска. 

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО