19 Мај, 2024
0.0999

ДА СЕ РАБОТИ ПОМАЛКУ ОД 8 ЧАСА ДНЕВНО - Синдикатот бара европски услови, фирмите скептични

Објавено во: Економија 22 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Синдикатот го кажа своето. Бара 38 часовна работна недела и породилно отсуство од 12 месеци, а договорите на определено време да се склучуваат само во исклучителни ситуации, и да не се пролонгираат подолго од една година.

Власта готви нов закон за работни односи, а вчера за таа цел ги седна на заедничка маса и работниците и стопанствениците, сите заедно да се усогласат за оваа многу значајна проблематика. Новото законско решение би требало да биде финализирано до крајот на годинава.

За дел од бизнисмените, синдикалните барања се неразбирливи за едно модерно време какво што е денешното. Тие сметаат дека ако се донесе ваков крут и ригиден закон кој ќе биде насочен само кон стриктна заштита на работничките права, без никаква флексибилност, тоа може неповолно да влијае на бизнисот и да ги одврати странските инвеститори. 

„Да не се случи да донесеме закон кој ќе биде само за заштита на работничките права, а не закон за регулирање на односите меѓу работодавачите и работниците. Во едно модерно време на дигитализација, роботика, флексибилност, и се повеќе интелектуален труд, ние сега зборуваме за 12 месечно породилно отсуство, или 18 месечно ако станува збор за близнаци. Сметам дека треба да се занимаваме со посуштински работи. Законот треба да биде модерен и конципиран според карактеристиките на македонското општество. Не е поентата само да се препишуваат директиви од западноевропските земји, туку најбитно е тие да се применливи кај нас“, вели за Фактор Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерацијата на Македонија.

За барањата на Сојузот на синдиктите на Македонија работната недела да трае 38 часа, Бошков смета дека треба да се има предвид дека според мерењата, и сега работните часови не се исполнети со ефективна работа. Нему не му е јасно ни како произлегло барањето за 38 часовна работна недела. Тоа би значело дневно да се работи по 7,6 часа. 

„Посоодветно ќе беше барем да се побараше 35 часовна работна недела, односно дневно да се работи по 7 часа“, вели Бошков. Според него, при преговарањето за тоа колку часа ќе трае работната недела, мора да се има предвид и менталитетот, како и работните навики на нашите граѓани. 

И инсистирањето да се склучуваат договори на неопределено време, може да ги одврати домашните, а и странските инвеститори, кои некогаш имаат зделки на одреден период. „Еве на пример, се гради одреден патен правец, и тоа трае неколку години. Што потоа да прави фирмта ако работниците се на неопределено време, тоа за неа ќе значи зголемени трошоци за отпремнини и слично. Тоа создава крутост и ригидност, и со тоа се праќа лоша порака до инвеститорите“, вели Бошков. 

Според него, Синдикатот на некој начин си пука во нога со вакви ригидни зацементирани барања, со кои не остава слобода за самите работници да преговараат со работодавачите, за работен однос кој нив најмногу би им одговарал.

За породилното отсуство смета дека 12 месеци е добро од аспект на демографските политики, но прашањето е како, во одредени дејности каде многу брзо напредува технологијата, ќе изгледа враќањето на некој што бил отсутен цела година, кој е целосно аут од новите технолошки процеси. 

Овие реакции следуваат откако претседателот на ССМ, Дарко Димовски, побара хармонизацијата на нашите со европските закони за работни односи. 

„Нашите барања се договорите за вработување со договор на определено време само во исклучителни ситуации и не подолго од една година, продолжено породилно отсуство до 12 месеци, 38 часовна работна недела, усогласување на платите според колективниот договор и усогласување на прашањата за годишни одмори и другите права“, рече Димовски.

Според него, новите јасни правила на игра ќе ги заштитат работниците од малверзации и за нив ќе создадат чисти ситуации, во кои ќе се знае кој што добива и кој што треба да испорача, без судења и инспекци, кои ги разводенуваат процесите.

Од европските синдикати, пак, порачуваат, странските компании што работат во земјава, да се обврзат дека ќе обезбедат исти услови за работа какви што имаат компаниите во нивните матични држави.

Нина Нинеска-Фиданоска


Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?