19 Мај, 2024
0.0292

Д-Р БАБИЧИЌ: Вакцините се ефикасни и кон бразилскиот сој, но нешто послабо, а наскоро ќе дознаеме и колку

Објавено во: Македонија 15 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Д-р Харис Бабачиќ, магистер по епидемиологија, е научникот кој од далечната Шведска паралелно ја следи и епидемиолошката состојба со ковид-19 во Македонија. 

Д-р Бабачиќ даде интервју за весникот ВЕЧЕР, а во него се заборува за актуелните случувања со новите соеви на вирусот, вакцинацијата, како и надежите за излез од оваа состојба. 

„...При копирањето на генетскиот материјал на вирусот постојано настануваат грешки и така вирусот мутира, а тие нови промени во некој ген на вирусот ги нарекуваме мутации. РНК вирусите имаат тенденција побрзо да мутираат од вирусите чиј генетски материјал е во форма на ДНК, а таков е и SARS-CoV-2. Колку повеќе луѓе ќе се заразат, толку повеќе шанси има вирусот да се прекопира и притоа да настане некоја мутација“, вели во интервјуто д-р Бабичиќ.

„Засега постојат докази дека неколку вирусни варијанти се поврзани со поголема заразност, можеби потешка клиничка слика и можеби послаба ефикасност на вакцини и третман, како што се британската варијанта B.1.1.7, јужноафриканската B.1.351, бразилските P.1 и P.2 и калифорниските B.1.427 и B.1.429, кои можеме да ги наречеме и соеви. Покрај нив, се следат и истражуваат и други варијанти, но засега нема појава на некоја алармантна варијанта која сериозно би ги нарушила глобалните планови за справување со SARS-CoV-2“, вели овој научник.

За британскиот сој, според овој научник, лабораториските испитувања покажуваат дека антителата индуцирани од вакцината на Фајзер и Модерна се слично ефикасни кон оваа варијанта, а вакцината на АстраЗенека нешто помалку, но сепак ефикасна. А изгледа дека има минимална отпорност кон третманите со моноклонални антитела и конвалесцентна плазма од дарители.

„Бразилскиот сој за кој повеќе се зборува деновиве е сојот P.1, кој први пред неколку месеци го открија Јапонците кај една група луѓе која се вратила од патување од Бразил. А сега веќе е стигнат и во Европа, има и потврда дека е пристигнат во Србија, не е чудно наскоро да биде детектиран и во Македонија. Доколку пристигне во Македонија би се натпреварувал со британскиот сој и доколку стане зачестен тоа би било индикација дека можеби е позаразен од него. Носи мутации сретнати во британската и јужноафриканската варијанта – D614G, N501Y и E484K. Има индикации дека е позаразен од стандардната варијанта, но доказите дека е посмртоносен се слаби. Првичните лабораториски испитувања покажуваат дека антителата индуцирани од вакцините на Фајзер, Модерна и АстраЗенека се ефикасни и кон оваа варијанта, но нешто послаби.

Треба да имаме на ум дека ова се првични лабораториски испитувања само на антитела и не значат дека вакцините ќе бидат неефикасни кон новите варијанти. Шилестиот протеин S кон кој вакцините индуцираат имун одговор е релативно долг протеин и кога бива разграден од имуниот систем во телото имуниот систем создава одговор кон различни делчиња од тој протеин на два начина – преку антитела и преку имуни т.н. Т-клетки. Така што имуниот одговор во реалност, во жив човек, може да биде и подобар отколку што покажуваат експериментите со неутрализација на вирусот во лабораторија. Мислам дека наскоро ќе го дознаеме и тоа“, нагласува д-р Бабичиќ.

Извор. Вечер.прес

Можеби ќе ве интересира

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри