ЧЕЛНИЦИТЕ НА СЕПАРАТИСТИТЕ СЛЕТАА ВО МОСКВА - објавуваат дека се собрале за да донесат историска одлука
Објавено во: Свет 28 Септември, 2022
Авионот со водачите на сепаратистите слета во Москва, објави на својот Телеграм канал Кирил Стремусов, заменик-шеф на воено-цивилната администрација на регионот Керсон.
„Регионот Керсон и Запорожје, народните републики Доњецк и Луганск се собраа во Москва за да донесат историска одлука“, рече Стремусов.
„Многу наскоро ќе станеме нови субјекти на Руската Федерација“, рече тој и најави дека за тоа ќе разговараат „многу наскоро“.