26 Април, 2024
0.0339

Цел Балкан од денеска се отвора, само во Македонија се размислува за враќање на рестрикциите

Објавено во: Балкан 01 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Од денеска - 1 јуни, стапуваат на сила нови олеснувања, односно разлабавување на ограничувањата на движење и отворање на државните граници во регионот, додека во Македонија истовремено Комисијата за заразни болести ќе заседава цел ден и ќе разгледува нови препораки кои ќе бидат ригорозни. 

Во Македонија единствено денеска стапува на сила одлуката со која на работа се враќаат сите вработени во јавниот сектор, освен хронично болните и родителите со деца помали од 10 години.

Истовремено денеска во Турција се отвораат граничните премини кон Грција и Бугарија, се отвора главниот пазар на затворено во истанбул, кафетериите, слаткарниците, рестораните, минералните бањи и базените. „Туркиш ерлаjнс“ и другите помали авиопревозници ги возобновуваат внатрешните авио-линии. На полноќ истече забраната за напуштање на 15 града, меѓу кои Истанбул и Анкара, а започнуваат да се играат и спортските натпревари.

Во Грција започнуваат со работа основните училишта, градинките и забавиштата, сите молови, летните кина, голф-игралиштата, масажните салони, библиотеките и базените. Хотелите започнаа со работа, а исто така и летните кампови, освен детските. Дозволена е организација на свадби, а ќе работат и салоните за тетовирање и пирсинг.

Србија ги отвора границите со Црна Гора, Бугарија, БИХ, Македонија и Албанија, а започнуваат да се играат спортските натпревари, со тоа што на отворено ќе може да има 1.000 гледачи, додека во спортските сали до 100. И БИХ ги отвара границите за Србија, Хрватска и Црна Гора, матурските балови се дозволени на отворено со 50 учесници, додека аеродромите се отворени за меѓународен транспорт. 

Во Албанија денеска се отвораат границите со соседите, плажите на хотелите започнуваат со работа, а исто така започнуваат со работа градинките и јаслите. Во Романија започнува работата на плажоте и угостителите, се враќа железничкиот сообраќај и концертите и спортските натпревари на отворено со максимум 500 посетители. 

Словенија објави административен крај на епидемијата, а носењето заштитни мески само се препорачува, дури и на затворено.

Можеби ќе ве интересира

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице