22 Мај, 2024
0.1935

Бујар Османи: Сега и СДСМ ќе бара 61 пратеник за да не го уценува ДУИ

Објавено во: Македонија 01 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Бујар Османи, вицепремиерот за евроинтеграции, на денешната партиска прес-конференција рече дека СДСМ, по стариот пример на ВМРО-ДПМНЕ, ќе бара гласови и мнозинство од 61 пратеник во Собранието за да не биде уценуван од ДУИ.

Ова Османи го најави откако СДСМ официјално направи предизборна коалиција со БЕСА, а претседателот Зоран Заев во неколку наврати порача дека неговата партија повеќе нема да дозволува повеќе да биде уценувана.

- Во последно време се зборува за некакво уценување кое го прави ДУИ кон македонските политички партии па дури сега и двете политичлки партии ги повикуваат граѓаните да освојат 61 пратеник за да не ги уценува ДУИ. Ако уценување е потребата од решавање на името и потребата од отворање на патот кон НАТО, ако уценување е потребата за потпишување на договор со Бугарија, ако уценување е поднесувањето на Законот за јазици за да се релаксираат меѓуетничките односи, да, ДУИ уценуваше, но никогаш за себе, никогаш за партијата секогаш за интересите на граѓаните, секогаш за потребата државата да оди напред. Сме условувле формирање на влади со тие прашања, но денеска токму тие прашања не донесоа во НАТО, рече Османи.

Владиниот функционер уште еднаш повтори дека е непринципиелна и дека БЕСА намерно влегла во предизборен сојуз со СДСМ за, како што вели тој, да опстане на политичката сцена. 

Порача дека тие сега се насочени кон гласовите на граѓаните, а за коалиции ќе размислуваат по изборите.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази