20 Мај, 2024
0.1888

БУГАРСКИ НОВИНАР ПОВИКА: Да не се правиме големи пред Македонија, ова е во интерес на Путин

Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Под наслов „Да не се правиме големи пред Македонија, запирањето во ЕУ е во интерес на Кремљ и Путин“, бугарскиот портал „Фактор“ објави колумна од Пламен Асенов, новинар со повеќе од 30-годишно искуство.

Во текстот кој го пренесува 360 степени, тој пишува за барањата и ставовите кои ги истакнаа претставници на бугарската влада во пресрет на усвојувањето на Преговарачката рамка за Северна Македонија и закажувањето на првата меѓувладина конференција со ЕУ.

Тој пишува за ставови на, како што ги нарекува, екстремните бугарски толкувачи кои земјава би ја нарекле „Бугарска западна Македонија“.

Македонија, пишува Асенов на почетокот, е убава земја полна со луѓе кои се Македонци, без разлика на нивната етничка припадност.

„Исто така, полна е со луѓе кои зборуваат македонски, а не бугарски, српски или свахилски јазик. Тоа е нивна националност, нивен јазик. И ние се зезаме – ’не, не, тие се Бугари, вештачки се создадени и нивната нација и нивниот јазик, на одреден датум. Затоа сега нема да им дозволиме да влезат во ЕУ‘. Ајде, бе! Ако така се создавале нации и јазици, со декрет одозгора …“, пишува Асенов во колумната.

Тој наведува дека – “да, постои таква одлука (декрет), која во тоа време очигледно им била во интерес на Кремељ и на императорот Сталин”.

„Сепак, приказната се сврте и сега има бугарски закани дека ќе ја запреме Македонија на патот кон ЕУ, во интерес на истиот Кремељ и на тамошниот император Путин кој ги трие рацете зашто му треба поголем хаос на Балканот“, пишува Асенов.

Оставајќи ги настрана овој вид на интереси, продолжува тој, ние Бугарите треба да промениме многу работи во нашето размислување за соседите и за таа цел треба да бидеме многу едуцирани за вистинската бугарска, балканска и светска историја. 

„Секако, истото мора да го направат и Македонците затоа што проблемот со лагите и фалсификуваната историја што ги полни главите на луѓето со предрасуди, вчудовидува. Меѓутоа, тука зборувам за нешто друго – односите помеѓу Бугарија и Македонија мора да се исчистат од слоевите, а не да се создаваат нови. Ова е долготраен процес кој, како и создавањето на нации и јазици, не е прашање на носење декрет или меморандум и за него не одлучуваат комисии, туку тој однос се гради со блискост и трајни добрососедски и, пред сè, нормални човечни односи. Одете во Македонија и видете за што ви зборувам. Повеќето Бугари тешко можат да разберат што зборуваат таму“, пишува Асенов.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража