Бугарија со вишок во буџетот од пола милијарда евра
Објавено во: Балкан, Економија 01 Февруари, 2016
Бугарија првиот месец оваа година ќе го заврши со 952.000.000 лева, односно околу пола милијарда евра вишок во државниот буџет.
За споредба, во јануари 2015 година вишокот изнесувал околу 30 милиони евра.
Според бугарското Министерство за финансии, причината на подоброто салдо се зголемените приходи и намалување на трошоците на почетокот на годината.
Се очекува приходите во државниот буџет во јануари да достигнат 3,1 милијарда лева, односно со 642 лева повеќе во однос на истиот месец минатата година.