19 Мај, 2024
0.0274

МИГРАНТСКИ ПРЕДИЗВИК

Бугарија доби 160 милиони eвра од ЕК за заштита на границите

Објавено во: Балкан 16 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Вкупно 160 милиони eвра ќе добие Бугарија од Европската комисија, за да ja засили заштитата на своите граници. Тоа го објавија претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и премиерот Бојко Борисов по завршувањето на самитот во Братислава.

Првично нашиот сосед ќе биде потпомогнат со 108 милиони евра, а потоа со уште 52 милиони евра за подобра заштита на границите од силниот миграционен поток.

 „Бугарија во моментов се соочува со многу голем предизвик. Ова не треба да се гледа само како проблем за Бугарија, треба да се гледа на него како предизвик пред целата ЕУ“, нагласува Јункер.

Според него, лидерите на ЕУ одлучија комисијата да обезбеди 108 милиони евра за потребите на Бугарија. Тој истакна дека целта е износот да ги достигне бараните 160 милиони евра.

„Следните неколку дена ќе најдеме механизми преку кои може да се обезбедат и овие 52 милиони евра“. 

Според него Бугарија нема да биде оставена сама „благодаение на постојаните интервенции на бугарскиот премиер“.

„Над 320 милиони евра издејствувавме денес за Бугарија“, вели Борисов. Според него „во општи линии сите“ ја поддржаа нашата земја, но особено лидерите на Германија, Унгарија, Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Финска, Италија, Шведска.


Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс