20 Мај, 2024
0.0347

Бројни прекршочни и кривични пријави само за една недела за правење свадби, поголем број на маси и дозволено растојание

Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, на денешната редовна прес-конференција информираше за инспекциските надзори направени од страна на шест инспекторати во периодот од 5-ти до 11-ти октомври. Како што изјави, капацитетите на сите инспекторати се подигнати на највисоко ниво, инспекторите на терен вршат засилени контроли, навремено и неселективно се постапува во случај доколку се забележи одредено прекршување на законите и на протоколите.

-Контролите се извршени согласно здравствените протоколи за отворање и работа на угостителски објекти заради спречување на внесување и ширење на коронавирусот КОВИД-19, и материјалните закони по кои постапуваат сите инспекциски служби. Во посочениот период Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, извршија  2.881 контрола и 290 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна , Законот за трговија, Законот за заштита на потрошувачите, Законот за угостителска дејност, Законот за заштита од пушењето, Уредба со законска сила за примена на Законот за трговија. При тоа поднесени се 23 прекршочни пријави, 19 кривични пријави за непочитување на КОВИД протоколите (свадби, дозволен број на маси, дозволено растојание) и изречени се 5 решенија за други прекршоци. Инспекторите од пазарниот инспекторат вршеа интензивни контроли и последните три дена  поради викендот без ДДВ, а во насока на контрола на тоа дали цените на производите воведени во трговските книги на трговците, соодветствуваат со истакнатите цени на производите, со цел да се спречат можни манипулации со цените на производите. Тука ќе споменам дека за време на викендот без ДДВ, инспекторите имаат констатирано 15 прекршоци на Законите за трговија и за заштита на потрошувачите, информираше Филиповска-Грашкоска.
Државен здравствен и санитарен инспекторат во истиот период изврши 126 надзори под однос на здравствените протоколи и по претставки. Во периодот од 5-ти октомври заклучно со 11-ти октомври овој инспекторат издаде 3.929 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД-19 и лица кои биле во контакт со заболени . 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража