16 Мај, 2024
0.1889

Братот на Фатмир Бесими се откажа од пратеничкиот мандат: Жртва за министерската позиција

Објавено во: Македонија 23 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Братот на министерот Фатмир Бесими, Флорин  Бесими го враќа мандатот во Собранието. Преку соопштение информира дека оваа одлука ја донел откако биле објавени имињата на кандидатите за министри во новата влада, меѓу кои е и неговиот брат, но и со претходна консултација со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Билјана Ивановска претседателката на Антикорупциската комисија вчера рече дека ова е можен судир на интереси, затоа што братот ќе го гласа другиот брат за министер.

„Заедно на овие избори направивме голем исчекор и издвоивме историска победа. Морално сум обврзан да дадам едно пријателско објаснување, околу ангажираноста, и вашата неуморна работа на терен за големата победа  на Демократската Унија за Интеграција во секое населено место и во секој град.  Заедно успеавме да покажеме беспрекорна организација, дух и мобилизација. За мене претставува посебна чест и одговорност да ве претставувам во Собранието на Република С. Македонија, но околностите денес ми наложуваат да донесам сосема друга одлука, пишува Бесими.

„Стоејќи се на принципите на еднаквост, правда, можност за сите и целосно почитување и без никакво двоумење на законот и волјата на народот, ве известувам дека останувам принципиелен и следствено на тоа давам оставка од мандатот на Народниот заменик за да се избегне можен конфликт. од интерес со мојот глас во собранието“, додава Бесими.

Инаку во јавноста никој не демантира дека превирањата во партијата може да резултираат со промени во министерските позиции. Се шпекулира дека на местото на Бујар Османи во Министерството за надворешни работи ќе дојде Артан Груби, додека на позицијата што ја резервираа првично за него, по личните реакции ќе седне Изет Меџити. Тој треба да биде прв вицепремиер. Сепак ова не е потврдено.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер