Владата готова во понеделник, Османи извиси?
Објавено во: Македонија 22 Август, 2020
Предлогот за новиот состав на Владата предводена од Зоран Заев најверојатно во понеделник ќе биде доставен до Собранието, објави Алсат М.
По поднесениот предлог, почнува да тече законскиот рок од 15 дена за гласање за нејзин избор, но, според телевизијата, очекувањата се дека изборот ќе се случи пред крајот на предвидениот рок.
Телевизијата јави и дека Бујар Османи ќе извиси од владина функција, пренесе Алсат.
Според телевизијата, тој повеќе не е кандидат за министер за надворешни работи, а таа позиција ќе ја преземе Артан Груби, додека вицепремиерската функција му се предава на Изет Меџити.