19 Мај, 2024
0.0301

Боров Дол изгуби на суд за клеветата „рудник на смртта“

Објавено во: Економија 02 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Во парничната постапка поведена од Боров Дол ДООЕЛ Радовиш за клевета, донесена е пресуда во полза на политичката партија ДОМ. Во писменото известување од Основниот суд 2 Скопје, со судијата Нухи Рустеми како претседател на советот, тужбата се одбива како неоснована.

Како што соопштува ДОМ, судот оценил дека нема клевета во пренесувањето на јавно достапни информации, ниту пак намера да му се наштети на честа и угледот на тужителот. Дополнително, судот го истакнува правото на слобода на изразување, заштитено според Европската конвенција за заштита на човековите права.

ДОМ смета дека со оваа пресуда победи правдата, а овој случај ќе биде уште еден успех во малубројните еколошки судски случаи во Република Македонија. Треба сите да сфатиме дека еколошките борби се искрени и во интерес на сите граѓани и на животната средина. Наместо по судови, различните, па и спротиставени субјекти и поединци треба јавно да разговараат за тоа како заеднички да ја заштитиме природата и да ги исклучиме штетите од индустријата.

Со правичната пресуда во овој спор исто така се даде сериозен придонес кон зголемување на довербата во судството.

„ДОМ ја информира јавноста дека се спрема отворање на нов рудник на смртта „Боров Дол“, помеѓу Штип, Радовиш и Конче кој треба да биде уште еден површински коп за бакарна руда која би се лужела со сулфурна киселина директно во отворен базен на планината. Ова веројатно ќе се поткрепи со лажна студија за оценка за влијанието врз животната средина“.

Со ваква изјава пред медиумите лани излезе претседателката на партијата ДОМ и актуелна пратеничка Лилјана Поповска.  Одговорните во „Боров Дол“, изјавата на Поповска ја оценија како неаргументирана, непримерена, неточна, неодговорна, измислена дезинформација која може да ја даде само личност која нема никакво знаење од една значајна стопанска гранка каква што е рударството.

„Во настапот на Поповска се изнесени тврдења полни со навреди и клевети за правното лице „Боров Дол“-Радовиш и неговиот орган на управување. Поради тоа  на Поповска и испративме писмо со барање за извинување и демантирање на кажаното од нејзина страна, но таа не сакаше ниту да го прими писмото кое по пошта ни беше вратено назад. Од Поповска побаравме во рок од 24 часа, на прес конференција, да ни се извини и јавно да ја повлече навредливата и клеветничка изјава, но таа во определениот рок не го стори тоа. Ние немавме друг начин да си го заштитиме авторитетот кој во семејството на националната економија го градиме 13 години откако компанијата „Солвеј“ го рестартираше рудникот „Бучим“, па на нашата адвокатска канцеларија и дадовме налог да подготви тужба против нес . Сега таа на суд ќе мора да ја докажува вистинитоста на својата изјава. Се надеваме дека ќе има храброст и доблест да се појави пред судот кога веќе немаше храброст и моралност да го прими писмото и да се извини“, изјави тогаш управителот Николајчо Николов.

Николов појаснува дека концесија за детални геолошки истражувања за локалитетот „Боров Дол“ добиле пред повеќе години, дека е изработен елаборат за рудните резерви, а по поднесените други потребни документи била добиена и концесија за експлоатација.

„Бидејќи се работи за мало рудно тело од околу 40 милиони тони сулфидна руда која се преработува по пат на флотирање, а не со лужење како што тврди Поповска, истата ќе се транспортира преку бескрајна транспортна лента до рудникот „Бучим“ каде ќе се преработува. Со тоа векот на рудникот ќе се продолжи до 2032, а во најдобра варијанта, со евентуално проширување на „Боров Дол“ и до 2042 година.

Инаку, „Боров Дол“ од рудникот „Бучим“ е оддалечен само осум километри.



Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?