26 Април, 2024
0.0317

Борба на титаните: кои се најплатените банкари во земјава?

Објавено во: Економија 20 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

„Комерцијална банка“, најголемата домашна банка лани оствари добивка од 29 милиони евра и за тоа своите први луѓе (тројцата членови на Управниот одбор) ги награди со 826.000 евра. Најголемиот ривал „Стопанска банка“ оствари добивка од 44,6 милиони евра и најзаслужните за тој резултат – четворицата членови на Управниот одбор ги плати 530.000 евра. Значи просечно лани член на управата на „Комерцијална банка“ акционерите ги чинела 275.300 евра, а акционерите на „Стопанска банка“ просечно за годишен ангажман на член на УО платиле 132.500 евра за добивка од 44,6 милиони евра

„Комерцијална банка“ и „Стопанска банка Скопје“ се двете најголеми домашни банки по критериумите: вкупни средства, вкупни кредитни пласмани, вкупни депозити. Лани и двете банки имаа извонредно добра година, а на нивното работење позитивно влијаеше во значајна мерка рестаритрањето на „Фени“, враќањето на заемите и ослободувањето на резервираните средства кои банките ги чуваа пред да ги наплатат заемите. „Стопанска банка Скопје“ лани заврши со нето добивка од 44,6 милиони евра. „Комерцијална банка“ лани оствари нето добивка од 29 милиони евра. И двете банки поделија солидни дивиденди на своите акционери.

Очигледно задоволни од работата акционерите и на двете банки богато ги наградија членовите на управните одбори односно врвните директори. „Комерцијална банка“ лани на трите членови на Управниот одбор исплати бруто износ од 826.000 евра за плати, плати од деловна успешност, регрег, новогодишен надоместок и менаџерско осигурување. Тоа значи дека „Комерцијална банка“ по член на Управен одбор лани исплатила 275.300 евра. Во Управниот одбор на оваа банка членуваат: Хари Костов, долгогодишен прв човек на банката со повеќе од 30 години банкарско искуство, Илија Илоски и Маја Стевкова Штериева.

Акционерите на „Стопанска банка“ лани на четирите члена на Управниот одбор исплатиле бруто износ од 530.000 евра. Односно просечно по член бруто исплатата за плати, надоместоци и награди е 132.500 евра. Во Управниот одбор на оваа банка во 2018 година членувале: претседател и генерален извршен директори Диомидис Николетопулос и членовите Тони Стојановски, Милица Чапаровска – Јовановска и Теодулос Скордис.

Кои се двете банки на нашиот банкарски пазар?

„Комерцијална банка“ лани остана најголема банка на нашиот пазар од аспект на вкупните средства. Банката има 1,861 милијарда евра вкупни средства и во однос на 2017 година тие пораснале за 9,1 отсто односно за 155 милиони евра. Учеството во вкупните средства на банкарскиот сектор на оваа банка е 22,7 отсто и бележи статус кво во однос на 2017 година. Најголемиот конкурент во оваа категорија е „Стопанска банка Скопје“ и таа има 1,493 милијарди евра вкупни средства и тие се за 88 милиони евра поголеми од 2017 година што е раст од 6,3 отсто. Пазарното учество на оваа голема банка е 18,2 отсто и бележи пад од 0,5 отсто во однос на 2017 година.

 Во конкуренција на кредитно портфолио убедливо напред е „Стопанска банка Скопје“. Таа е единствена банка што има кредитно портфолио поголемо од една милијарда евра. Нејзините пласмани се 1,082 милијарди евра,  зголемени се за 4 отсто во однос на 2017 година, а пазарното учество е 20,8 отсто. Оваа банка лани и покрај доминантната позиција бележи пад на пазарното учество за 0,7 отсто. Втора е НЛБ Банка со пласмани од 915 милиони евра и нивен раст од 5,2 отсто во однос на 2017 година. Пазарното учество на оваа банка е 17,6 отсто и е пониско за 0,4 отсто во споредба со претходната година. Трета во големата петорка е„Комерцијална банка“ која има пласмани вредни 851 милиони евра. Таа е единствена во големата петорка која бележи намалување на износот на пласмани и тоа за 7 милиони евра односно за 0,8 отсто.

Кај депозитите неприкосновена е „Комерцијална банка“ во која веројатно граѓаните и фирмите имаат најголема доверба. Нејзината депозитна база е 1,584 милијарди евра. Таа пораснала за 118 милиони евра во однос на 2017 година што е раст од 8 отсто. Пазарното учество на оваа банка е 26,2 отсто и тоа бележи пад од 0,3 отсто. „Стопанска банка Скопје“ стигна до ниво од 1,2 милијарди евра депозитна база што е раст од 87 милиони евра во однос на 2017 година односно 7,8 отсто. Пазарното учество на втората банка е 19,9 отсто и е пониско за 0,3 отсто.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија