26 Април, 2024
0.0275

Бојко Борисов за ФАЦ: По фотографијата со пиштол и пари, повеќе не сакам да видам жена во животот

Објавено во: Балкан 29 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Бојко Борисов, премиерот на Бугарија, во денешното интервју за Франкфуртер Алгемајне Цајтунг вели дека „црниот пазар за компромитирање “ и неговите противниците го оцрниле пред изборите со фамозната фотографија на која спие покрај пиштол и куп пари, а за која беше објавено дека ја направила жена која спиела со него.

- Сликите од мојата спална соба се инсценирање и компромис создаден според учебник на КГБ. Олигархијата ме напаѓа затоа што Бугарија влезе во чекалната за еврото и банкарската унија и тие не може да го злоупотребуваат банкарскиот систем како и порано, изјави бугарскиот премиер за престижниот германски весник.

Новинарот Мајкл Мартенс, специјализиран за Балканот кој долго време слеи што се случува во регионот, го започнува разговорот со прашање за наводните фотографии од спалната соба на претседателот на бугарската владеачка партија ГЕРБ,

Борисов објаснува дека фотографиите биле предизвикани од приемот на Бугарија во чекалната во еврозоната и банкарската унија, што предизвика незадоволство кај „олигарсите во Бугариј“. Според бугарскиот премиер, тие сега не можат да се помират со тоа, бидејќи контролата е на „европско ниво“.

Како причина за нападот против него, Борисов го посочува неговиот успех во борбата против шверцот на тутун, вреден стотици милиони евра и  дава како пример акцијата против нелегалната фабрика за цигари во Пловдив.

Борисов ја наведува како причина за незадоволството на неговите непријатели и купувањето на Ловци Ф-16, како и желбата за диверзификација на снабдувањето со гас за Бугарија.

„Фотографиите од мојата спална соба се како направени од учебник на КГБ. Не случајно зборувам за методите на КГБ. Некои од моите противници кои работат за претседателот Румен Радев, се поранешни тајни агенти, луѓе од овие кругови или деца на големи шпиони, офицери од руската воена разузнавачка служба “, додаде премиерот.

Од разговорот станува јасно дека според Борисов, фотографиите во неговата спална соба ги направила жена,

„Дали имам љубовен живот? Секако дека имам. (...) Јас сум човек и ништо човечко не ми е туѓо “, вели Борисов.

Според него, кога бил посетен од жената, обезбедувањето не ја претресувале, а во чантата имало доволно простор за да собере мали златни прачки и снопови пари што беа потребни за да се направат снимките од неговата спална соба со мобилен телефон.

„По она што се случи,„ не сакам повеќе да гледам жена “, вели тој.


Можеби ќе ве интересира

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице