22 Мај, 2024
0.0299

Богдановски ветува модерно и урбано Сопиште, и јакнење на соживотот во општината

Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Со домаќинско работење ќе ја одблокираме сметката на општина Сопиште, што сега е блокирана поради авантурите на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и може да биде пречка за реализација на ветувањата, ако се продолжи со недомаќинско и нетранспарентно работење, вели Далибор Богдановски, кандидат за градоначалник на општина Сопиште од редовите на СДСМ. Богдановски во интервју за Фактор, ветува дека прво ќе се зафати со решавање на најважните проблеми кои ги мачат жителите на општината, како што се водоснaбдување и канализација, но и подобрување на инфраструктурата на територија на целата општина, без селективност, по партиска  или етничка припадност, приоритет ќе биде секоја уличка.

Фактор: Каква е Вашата визија за општина Сопиште?

Богдановски: Модерно и урбано место за живеење далеку од градскиот метеж,  каде жителите ќе ги уживаат сите благодети на природата и кое ќе ги понуди сите бенефити за удобен живот како и централното градско подрачје. Кога го кажувам ова мислам на донесување на урбaнистички план во договор со граѓаните, а заштитувајќи ја природата, потоа асфалтрање на сите пристапни улици со изградба на тротоари,отворање на големи маркети, модернизирање на уличното осветлување и промена на штедливите и живини светилки со лед светилки, локален пазар и слично.

Фактор: Кој ќе биде клучниот приоритет на кој ќе се насочите ако бидете избран за градоначчалник на општина Сопиште?

Богдановски: Многу од населените места се соочуваат со двата најголеми проблеми, а тоа е немање на канализациона мрежа и недостигот од вода во летниот период. Нашата примарна цел е исполнување на овие основни проекти зацртани во програмата. Тука како примарна цел е и недостигот на градинка која последните години е горчлив проблем за многу семејства кои се приморани децата да ги носат во градинките во соседната општина. Јас и мојот тим сме подготвени да се посветиме на решавање на овие проблеми, бидејќи сметам дека со местоположбата на општината и нејзината близина со главниот град овие проблеми воопшто не треба да ги имаме.

Фактор: Изминатите години, оваа општина прераснува во елитна населба, но, сеуште недостигаат супермаркети, банки, градинки. Имате ли план како да тоа да се смени?

Богдановски: Сериозно и детално размисливме за секој од проектите. Како што веќе кажав примарно е решавањето на проблемот со изградба на градинка. Нашата идеја е објектот градинка да го споиме со објектот на Централното училиште и со тоа да решиме два проблеми, а тоа е и овозможување на целодневна настава за поголем број деца, бидејќи двата објекти ќе користат една кујна. Секако, за тоа одлуката ќе ја донесеме во консултација со граѓаните.

Но, истата би била изградена по светски стандарди и со капацитет да овозможи запишување на деца и од други општини. Реализацијата на овој проект би отворила и многу нови работни места за локалното население. Секако таа реализација зависи од многу фактори. Ние немаме доволно податоци за да го составиме целосно како проект, но затоа сме тука со мојот тим да се бориме во остварување на секоја идеја.

Меѓу другите проблеми е и немањето на големи маркети, ние пред се би сакале таа цел да ја исполнат локалните трговци, но доколку нема можности би биле задоволни некои од поголемите ланци на маркети да отворат свои маркети во нашата општина. Исто така ќе оствариме средби и ќе ги поканиме сите угостители кои  сериозно би размислиле за изградба на свои објекти на територија на општината. Сите овие чекори детално ќе се проверат и храбро ќе пристапиме кон нивно решавање.

Фактор: Кој е моделот за локален економски развој што ќе го понудите?

Богдановски: Нашата програма за локален економски развој содржи различни планирани проекти, првично ќе тргнеме од  изготвување на стратегија за локален економски развој и подобрување на квалитетот на услуги кои ги добиваат граѓаните во општината, преку овозможување на обуки на администрацијата во општината, и преземање на мерки за побрза реализација на планираните проекти. Овој чекор треба да ни го олесни користењето на расположливите средства од ЕУ фондовите што за мала општина како нашата  е од големо значење. Во изработката на стратегијата активно ќе бидат вклучени сите заинтересирани страни. Веднаш започнуваме со реализација на ветените проекти. Ние се одлучивме за транспарентно и домаќинско водење на општината.

Фактор: Како ја оценувате работата на градоначалникот Стефче Трпковски во изминатите четири години?

Богдановски: На почетокот на мојата кампања јас и мојот тим донесовме одлука дека нема да навредуваме личности од спротивната страна, затоа не би сакал да зборувам за тоа што не постигнал. Состојбата во која е оставена општината во овој момент, заглавена во долгови со блокирана сметка и со нерелизирани проекти зборува многу за неговиот неуспех не само на првиот човек туку и на тимот кој стои зад него и не би сакал да трошам повеќе енергија на објаснување кој што може да направи наредните четири години.

Граѓаните ја воочуваат разликата, бидејќи голем дел од нивните потреби не се остварени. На 15 октомври тие ќе донесат одлука каква личност сакаат да ги води наредните години. Јас сум борец за својот народ и сакам што поскоро да се решат овие проблеми и да се посветиме на социјалниот фактор, на вработување на младината, на овозможување на подобро образование и подобри услови за децата во училиштата, на создавање на подобри услови за работа во сите области.

Фактор: Општината има блокирана сметка. Што значи тоа за функционирањето на општината и за спроведување на проектите кои ги ветувате?

Богдановски: Точно, граѓаните овие четири години прашуваат каде завршуваа средствата што како приход ги остваруваше општината бидејќи нејзината сметка е блокирана. Значи услов да се отпочне со работа е одблокирање на сметката на општината. Верувам дека тој проблем ќе го надминеме со соработка со институциите, но и како што напоменав потребно е ангажирање на сите инволвирани лица почнувајќи од вработените во администрацијата на општината, кои заедно со мојот тим ќе биде потребно да изнајдат начини за решавање на тој проблем.

Фактор: Дали ќе овозможите јавен и транспарентен увид во работата на општината ако станете градоначалник ?

Богдановски: Апсолутно ДА.

Значи во никој случај нема да дозволиме како изминатите години интернет страната на општината да не фукнционира. На истата ќе бидат објавувани детали за секој наш преземен чекор и реализирани средства, за секој успех или обид да се помогне. Општината постои за побрзо и подобро решавање на проблемите на граѓаните, значи ние постоиме за нив. За граѓаните ќе бидеме постојано достапни, приемниот ден ќе се брише и секој ден ќе биде посветен на решавање на нивните односно наши проблеми. Ветуваме неуморно, незапирливо, транспарентно и домаќинско работење се до остварување на сите зацртани цели во програмата и сите кои ќе произлезат во текот на работењето.

Нашето мото е: Работиме за подобар живот во Сопиште

Н.С.

Фактор, побара интервју и од кандидатот за градоначалник на општина Сопиште од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефче Трпковски, кој до објавувањето на ова интервју не одговори на нашите прашања, со образложение дека има преголеми обврски. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази