22 Мај, 2024
0.1872

Богдановиќ најавува ревизија и одговорност за „Скопје 2014“

Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ Саша Богдановиќ најави детална  ревизија на „Скопје 2014“ и дека ќе ја објави целата документација за  проектот.

„Галиите, шмизлите, Прометеј и целиот криминален и налудничав проект „Скопје 2014“ ја одзема душата и убавината на централното градско подрачје. Се украдоа милионски суми од граѓаните за барок и стиропор.

Со енергична борба успеавме да спасиме да не никнат и Шпански скали, со новата власт во Скопје ќе се сопре и изградбата на Панорамското тркало. Се боревме и за Кејот и за зеленилото. Но власта продолжуваше со безумието.

Проектот  за жал на центарци, на скопјани и на цела Македонија е целосно реализиран, но Општина Центар сè уште може да направи многу повеќе во однос на ова чувствително прашање што досега никогаш не е докрај расчистено.

Затоа ќе направиме детална и функционална ревизија со надлежните институци како на целиот проект, особено на тоа како брутално се спроведувале тендерите и набавките и деталните  урбанистички планови што овозможија „Скопје 2014“ да биде најпознат архитектонски феномен во регионот, се разбира по лошо.

Поради тоа што станува збор за проект од јавен интерес, јас како градоначалник на  Општина Центар ќе ја објавам целата документација за „Скопје 2014“.  Од одговорност нема да биде поштеден никој“, изјави Богдановиќ. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази