20 Мај, 2024
0.0251

Бистис за името: Коѕиас прогласи дипломатски триумф

Објавено во: Балкан 21 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Грчките медиуми денеска пишуваат дека различните ставови меѓу коалциските партнери во грчката Влада во однос на суштинско прашање од надворешната политика, како што е спорот за името, едноставно се неодржливи, особено во сегашните позитивни околности, што се создадоа во однос на можноста за надминување на спорот. 

Никос Бистис, заменик-министер за внатрешни работи од јули до март 2004 година за време на владеењето на Костас Симитис, во свој осврт за Протагон.гр на состојбите во грчката владина коалиција во однос на спорот со името потсетува дека грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас веќе напоменал дека времето за Грција изминува не само во однос на решавањето на спорот со името туку и во однос на кипарското прашање, што е отворено уште од 1974 година.

Овие две прашања, како што се наведува во текстот, создаваат дисбаланс во дипломатијата на Грција, а авторот напоменува дека сите во Грција треба да имаат предвид дека околу 140 земји веќе го признале северниот сосед под името Македонија.

Годинава беше круцијална за Грција во однос на решавањето на кипарското прашање, додека 2018 година ќе биде суштинска за надминува на спорот со името, а и оваа и следната година Коѕијас е на чело на дипломатијата.

И во овој позитивен момент, како што се наведува во текстот, најмалку од сѐ е потребно несогласување во владината коалиција, поточно во овој случај меѓу СИРИЗА и АКЕЛ.

„Во интервју за ЕРТ, Коѕиас не само што го бранеше својот став туку тој и прогласи дипломатски триумф“ - вели Бистис.

Позицијата утврдена во 1992 година на средбата на партиските лидери под покровителство на тогашниот претседател Константин Караманлис дека терминот „Македонија“ во името на соседната држава не е прифатлива опција за Грција е неодржлива, а како што напомена повторно се акуализира пакетот Пинеиро, во кој се споменува решението „Нова Македонија“.

Според него, со тогаш неискористената шанса, со воведувањето на ембаргото и ред други рестриктивни мерки, „се довеле во ситуација на географски апсурд дека Македонија е една и таа е грчка“. Додава дека сето ова довело до поттикнување на екстремниот национализам и кај северниот сосед. 

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс