19 Мај, 2024
0.0297

Беше сиромашна држава, сега ја нарекуваат економско чудо

Објавено во: Економија 24 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Гана прераснува во економско чудо. 

Оваа држава беше во криза од осумдесеттите години на минатиот век и се соочи со глад кој следеше по серијата воени удари во земјата. Но, од 1992 година Гана спроведува мирни избори и нејзината иднина сега изгледа посветла отколку што беше пред десет години. За ваквата состојба значително придонесе и откривањето на големи резерви на нафта.

Со сегашниот раст на цените на нафтата и брзото ширење на производството на нафта во земјата, Гана наскоро ќе може да постигне нешто за кое никој не се надеваше. Според Светската банка, Африканската банка за развој, ММФ и Институтот Брукингс, Гана годинава најверојатно ќе стане една од најбрзо растечките економии во светот.

Какаото е еден од природните ресурси на Гана па нејзините производители само придонесуваат кон нафтениот бум. Едмунд Поку, директор на „Ниче какао“, вели дека неговата фабрика во Теми, индустриско предградие на Акра, престолнината на Гана, има договори за продажба на целиот прав, путер и табли чоколадо кои планира да ги произведе во 2018 година.

Проектираниот раст во 2018 година се движи меѓу 8,3 и 8,9 отсто и Гана би можела да ја надмине Индија со нејзиниот силен технолошки сектор, но и Етиопија, која во последната деценија беше една од африканските економии који најбрзо се развиваа поради кафето. Во јануари, берзата на акции на Гана забележала највисока стапка на раст од 19 отсто, наведува „Блумберг“.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?