03 Мај, 2024
0.0286

БЕРИЌЕТНА ГОДИНА: Печуркарите задоволни, ваков род немало 40 години

Објавено во: Македонија 09 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Собирачите и откупувачите на печурки, велат дека 2020 е најдобра година во последните 4 децении.

Август имаше обилни дождови, што доведе до тоа во сите краеви на Македонија да има добар род на печурки. Велат дека во шумите има толку многу печурки, што не можат да ги соберат. Количината си го направи своето, а едно семејство од собирање на печурки може да заработи и повеќе од 2.000 евра. Најбаран е вргањот кој го нарекуваат крал на печурките. За собирачите, најмалку десетина дена има работа во сезоната.

„Оваа година е најдобра за период од 40 години, откако паметиме. За вргањот има голема побарувачка, и потрошувачка. Временските услови, односно врнежите придонесоа за богат род. Вргањот се продаваше по цена од 150 до 200 денари, а потоа од 80 до 100 денари. Добро можат да заработат луѓето кои собираат печурки, оние на кои не им е проблем да одат пеш низ шумата со часови“, велат од Фунги Флора од Радовиш.

Љупчо Најдовски од Демир Хисар објаснува дека со собирање на печурки најчесто се занимаваат младите, на возраст од дваесетина години.

„Оваа година е одлична, не само за луѓето, туку и за државата, затоа што печурките одат за извоз. Има богат род на сите печурки, но најмногу се бара вргањот. Семејствата кои сезонски ќе работат можат добро да заработат“, рече Најдовски.

Од „Вино Мак“ од Битола велат дека според нивното искуство, печурки обично собираат постарите луѓе бидејќи имаат искуство. За младите велат дека оваа работа не ги интересира.

„Во битолско има доста семејства кои собираат печурки. Оваа година имаше дождови и топлина и тоа во комбинација придонесе за богат род. Со години најбарана печурка е вргањот“, додаваат од „Вино Мак“.

Македонските печурки најчесто завршуваат на италијанскиот пазар. Од изминатите години, 2016 беше оценета како слаба поради малата количина на печурки. Откупувачите советуваат печурките да се сечат, а не да се корнат, и наместо да се ставаат во вреќи, да бидат собирани во крошни.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?