19 Мај, 2024
0.0311

Бегалскиот пат низ Медитеранот – десет пати поопасен отколку патот преку Турција

Објавено во: Балкан 02 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Пред една година, светот го трогна сликата на сириското дете Ајлан Курди, кој се удави додека неговото семејство, како и стотици илјади други бегалци, очајно се обидуваа да стигнат бреговите на Европа.

Според податоците на УНХЦР, од смртта на Ајлан наваму уште 4 176 лица се загинати или исчезнати во Средоземното Море - во просек по 11 мажи, жени и деца загинуваат секој ден во последните 12 месеци.

Во првите осум месеци од оваа година, 281 740 луѓе се одлучиле на опасното морско патување до Европа. Бројот на бегалците и мигрантите кои пристигнуваат во Грција опадна драматично - од над 67 000 во јануари до 3 437 во август - По договорот меѓу ЕУ и Турција и затворањето на т.н. Балкански пат.

Во меѓувреме, бројот на пристигнатите бегалци во Италија е речиси непроменет од минатата година - 115 000 бегалци и мигранти пристигнале во Италија од почетокот на годината до крајот на август, во споредба со 116 000 за истиот период на 2015 година.

Главната промена, сепак, е во бројот на жртвите. До овој момент, од почетокот на 2016 година на секој 42 лица кои се обидуваат да стигнат од Северна Африка до Италија, 1 починал. За споредба, минатата година тоа беше 1 на секои 52 лица. Ова ја прави 2016 година најсмртоносна година за Медитеранот . Шансите човек, кој патувал од Либија до Италија, да загине во морето се 10 пати поголеми од оние кои се обидуваат да преминат од Турција кон Грција.

Доаѓањето на над еден милион бегалци и мигранти во Европа минатата година, сепак, доведе и до непријателство и напон на територијата на некои од дестинациите. Бегалците и мигрантите често стануваат жртви на расистички и ксенофобични напади, предрасуди и дискриминација. Главниот предизвик, со кој Европа се обидува да се избори во моментов, е обезбедување на потребната поддршка и услуги, преку кои на бегалците ќе им биде дадена шанса да се интегрираат успешно и да можат да придонесат за општеството во кое паднале.

Во тој свој напор, УНХЦР ги повикува владите и националните партнери да се вклучат во развој и имплементација на комплексни национални планови за интеграција. Бројните позитиви кои бегалците можат да ги придонесат кон новите општества треба да бидат признаени. УНХЦР повикува исто така за повеќе јасен ангажман за спречување на случаите на дискриминација, промоција на вклучувањето и приопштувањето на бегалци во прифатените земји и борба против расизмот и ксенофобијата.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс