19 Мај, 2024
0.0272

БЕГ: Добивката согласно закон ја реинвестираме

Објавено во: Економија 27 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Од БЕГ велат дека финансиските резултати кои ги остваруваат со нивното работење, особено кога имаат заработка според законските прописи и начелата, го користат за реинвестирање во системот за централно греење. Како регулирана компанија на пазарот на енергетика од БЕГ тврдат дека нема доделување на дивиденди на ацкионерот во друштвото од профитот кој се остварува низ работењето, туку реинвестирање.

Вчера Фактор ја објави анализата „Кој  подобро  се  стопли  со БЕГ:  Скопјани  или акционерот од Кипар?“ за остварената добивка и зголемените приходи од оперативното работење, по што пристигна објаснување од страна на БЕГ.

„Финансиските резултати кои ги има остварено Балкан Енерџи Груп (БЕГ) се во согласност со законите и регулативата и се должат на домаќинското работење на друштвата во групацијата. Имено компанијата значително ги намали оперативните трошоци пред се како резултат на модернизација на технолошките процеси и зголемувањето на енергетската ефикасност. Заштедите изнесуваат повеќе од 1 милион евра годишно. Вкупните загуби при процесот на производство и дистрибуција на топлина во овие пет години на работење се намалени за 6 индексни поени. Вкупната ефикасност на системот е зголемена од 82% во 2012 година на 88% во 2017 година со перспектива за понатамошно зголемување.

Овој резултат се должи на масовното вложување во модернизација и реконструкција на системот за централно греење. Од 2013-та година, кога групацијата БЕГ ги доби лиценците да управува со дејноста на централно греење во Скопје, до денеска, вкупните вложувања во сегментите на производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, надминаа вредност од 10 милиони евра, тврдат од БЕГ.

Во процесот на производство на топлинска енергија целосно е завршена гасификацијата на сите топлани и исфрлена е употребата на мазутот, елиминирана е употребата на хемиски агенси во подготовката на водата како топлоносител и истовремено исфрлен е скапиот и неефикасен процес за производство на пареа за подготовката на водата, се вградуваат утилизатори за дополнително искористување на отпадната топлина од котлите, се автоматизираат постројките за да работат секогаш во оптимални режими со најголема ефикасност. Заменета е скапата вода од скопскиот водоводен систем со бунарска вода во топланата Запад.

Во дистрибутивната мрежа инвестирани се над 6 милиони евра при што е извршена реконструкција со дислокација и проширување на повеќе од 8.5 километри топловодна траса, отстранети се над 600 дефекти, воведен е систем за автоматска детекција и брзо откривање и санирање делници каде има истекување. Загубите на вода за овие 5 години намалени се 4 пати. Согласно со актуелната инвестициска програма на дистрибутивниот систем, во тек е замена на два магистрални водови со вкупна должина од 2 километри во вредност од над 2 милиони евра. Се употребуваат најнови технологии на предизолирани цевки со минимални загуби на пренос.

Движењата на пазарот на енергенсите на берзите и во голем дел заштедите во работењето резултираа со намалување на цените кај крајните потрошувачи. Имено, од 2012 година до денес постигнато е намалување на цената на услугата за централно греење за 31,32 отсто кај домаќинствата и за 51,92 кај деловните субјекти, додека во делот на образовните институции намалувањето на цените е за 65,66 отсто, велат од БЕГ.

Инаку, приходите од продажба на компанијата во 2016 година биле 1,63 милијарди денари и тие се пониски за 185 милиони денари и во најголема мерка тоа е заради цената на главниот енергенс што го набавува БЕГ, а тоа е природниот гас кој се преработува во топлинска енергија со која се загрева најголемиот дел од Скопје. Од консолидираниот извештај за сеопфатна добивка на независниот ревизор се гледа дека токму трошокот за набавка на суровини и потрошни добра на БЕГ во 2016 година е речиси преполовен односно изнесува 565,3 милиони денари, а во 2015 година изнесувал 1,092 милијарди денари. Тука е суштинската разлика која компанијата ја прави за да направи добивка од 3,66 милиони евра.


Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?