19 Мај, 2024
0.0344

БАНКИ: Какви се каматите на кредитите и депозитите?

Објавено во: Економија 04 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Новоодобрените кредити со пониски камати во однос на просечните, новопримените депозитите со поголеми камати во споредба со просекот. На ниво на банкарскиот систем, просечната камата на сите кредити изнесува 5,70%. Конкретно, каматите на кредитите за корпоративниот сектор, просечно изнесуваат 5,09% а за кредитите на домаќинствата 6,36%. Во споредба со каматниот тренд во минатата година, со поголемо темпо поевтиниле кредитите за фирмите отколку кредитите за население.  Новоодобрените кредити се со пониски камати, кои просечно изнесуваат 4,98%, односно за кредитите одобрени на корпоративниот сектор, каматите изнесуваат 4,56% а за домаќинствата 5,60%.

“Каматната стапка на новите кредити одобрени на корпоративниот сектор во февруари изнесува 4,56%, што во споредба со претходниот месец претставува надолно поместување од 0,40 п.п. Притоа, месечниот пад произлегува од намалувањето на каматните стапки кај денарските кредити без валутна клаузула и кредитите во странска валута (за 0,52 п.п. и 0,22 п.п., соодветно), делумно компензирано со растот на каматната стапка на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,73 п.п.). Споредено на годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,55 процентни поени“ – соопштуваат од Народната банка.

За депозитите, на ниво на банкарскиот сектор, просечната камата изнесува 1,50 % и во споредба со февруари 2017 година, кога каматите за штедење изнесувале 1,68%, сега е регистриран тренд на намалување.

Конкретно, каматите за депозитите на корпоративниот сектор изнесуваат 1,72% а за население 1,47%. Каматите за новопримените депозити се на нешто повиоко ниво, од 1,57%.

“Во февруари, просечната каматна стапка на новопримените депозити од домаќинствата забележа месечен раст од 0,10 п.п. и изнесува 1,71%. Притоа, месечниот раст произлегува од зголемувањето на каматната стапка на депозитите во странска валута (за 0,10 п.п.), при пад на каматните стапки на денарските депозити со и без валутна клаузула (за 0,32 п.п. и 0,02 п.п., соодветно). Во однос на февруари 2017 година, оваа стапка е намалена за 0,13 процентни поени“ – велат од НБМ:

Последните расположливи податоци покажуваат дека вкупните депозити, во јануари 2018 година, забележале намалување на месечна основа, во еден дел, како што веќе коментираа банкарите за “Фактор“, под влијание на сезонски фактори. Месечното намалување на депозитите од 0,8% е вообичаено за овој месец од годината со оглед на тоа што се забележува и во претходните пет години и следи по нивниот висок раст во претходниот месец од 3,7%. Годишната стапка на раст на вкупните депозити во јануари изнесува 5,3%. На годишна основа пак вкупните кредити во јануари се повисоки за 6,1%, што е повеќе во споредба со проектираниот раст од 6,0% за првиот квартал од 2018 година.

Банкарите, преку анкетата што ја проведе НБМ; изјавиле дека со почетокот на оваа година, очекуваат натамошно олеснување на условите за кредитирање, но главно во делот на провизиите поради интербанкарската конкуренција. Клучни фактори од кои зависи  олеснувањето на кредитните услови се конкуренцијата, која има изразено и доминантно влијание врз олабавување на условите за кредитирање. Следуваат конкуренција од други банки, конкуренцијата од небанкарскиот сектор и конкуренцијата од пазарното финансирање. Но, при кредитирање на фирмите, банките и натаму го задржуваат високиот степен на внимателност, пришто и натаму најзначајни параметри остануваат финасиската кондиција на фирмите, но и перспективата на економската гранка, односно на бизнисот на кој припаѓа компанијата која бара кредити. 

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?