26 Април, 2024
0.0278

АСО ги објави податоците: Како короната (не) влијае врз осигурителниот бизнис?

Објавено во: Економија 29 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Официјалните податоци на АСО покажуваат дека осигурителните компании во корона услови веројатно го подобруваат работењето од лани во првото полугодие. Нивото на приходи од брутополисирана премија е речиси 84 милиони евра за пола година и е само 2 отсто помало од лани. Но затоа бруто исплатените штети се пониски за 9,3 отсто од лани односно помали се за 2,7 милиони евра (кај неживотното осигурување)

Осигурителните компании на домашниот пазар во првата половина на годинава оствариле бруто полисирана премија (приходи) во износ од 83,7 милиони евра, покажуваат официјалните податоци јавно достапни на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО), независно тело кое го регулира осигурителниот бизнис во земјава.

Брутополисираната премија во корона услови, во првите шест месеци годинава, кај сите 16 компании (11 компании за неживотно осигурување и 5 друштва за животно осигурување) е само за 1,8 милиони евра ( за 2,1 отсто) пониска во споредба со истиот период 2019 година. Ова укажува на заклучок дека во услови на повеќе од 50 дена вонредна состојба од средината на март до крајот на мај кога голем обем економски потфати и деловни операции беа замрзнати, редуцирани или отежнати осигурителните компании успеале да одржат солидно ниво на продажби на осигурителни полиси.

11 компании за неживотно осигурување во овој период оствариле бруто полисирана премија од 70,3 милиони евра и тоа е за 1,4 милиони евра помалку од истиот период претходната година. Наспроти нив петте компании кои продаваат полиси за животно осигурување во првите шест месеци годинава продале полиси вредни 13,5 милиони евра што е за само 300.000 евра помалку од истиот перидо 2019 година.

Кои се најголемите осигурителни компании во првата половина годинава?

Најголем учесник на домашниот осигурителен пазар (неживотно осигурување) во првото полугодие (според бруто полисирана премија БПП ) е Триглав со реализација од 11,5 милиони евра (исто како споредбениот период лани). Еуролинк е втор со БПП од 9,1 милиони евра пред Македонија Осигурување со 8,5 милиони евра и Сава со 6,7 милиони евра. Од најголемите пет осигурителни компании само Сава има раст на приходите од БПП, Триглав е на исто ниво од лани, а другите три компании бележат благи намалувања на приходите.

На пазарниот сегмент на животно осигурување неприкосновена е Кроација Осигурување живот со 5,2 милиони евра БПП, пред Граве животно осигурување со БПП од 4,2 милиони евра.

Очекувано задолжителната автоодговорност продава најмногу полиси

 Во структурата по класи на осигурување убедливо и очекувано доминира Автоодговорноста. За првите шест месеци БПП од оваа класа на осигурување изнесува 30,7 милиони евра и тоа е за 3,8 милиони евра помалку од лани. За сметка на оваа класата осигурување имот останато (без пожар н.з.) за првото полугодие реализира БПП од 11,4 милиони евра што е за 2 милиони евра повеќе од истиот период лани. Раст има и кај БПП имот од пожар и тоа за шест месеци изнесува 7,9 милиони евра што е за 1,3 милиони евра повеќе од лани. Каско осигурувањето моторни возила има БПП од 6,6 милиони евра, а незгода има БПП од 6,4 милиони евра.

Короната ги намали штетите! Годинава исплатени 2,7 милиони евра помалку од лани

Намалената мобилност заради корона успловите веројатно во значајна мерка влијае врз намалувањето на исплатените штети. За првата половина од годинава бруто исплатените штети (во неживотно осигурување) изнесуваат 26,3 милиони евра што е за 2,7 милиони евра односно 9,3 отсто помалку од истиот период лани. Од официјалните податоци на АСО се гледа дека лидер по исплата на бруто штети е Триглав со 3,8 милиони евра, пред Еуролинк со 3 милиони евра, Евроинс со 2,9 милиони евра и Сава со 2,8 милиони евра.

Бруто техничките резерви повисоки за 12 отсто!

Бруто техничките резерви на крај на јуни годинава се за 15,9 милиони евра односно за 12 отсто повисоки во споредба со истиот период лани, покажуваат официјалните податоци. На 30 јуни годинава нивниот износ (во неживотно осигурување) изнесува 149 милиони евра наспроти 133,1 милиони евра во јуни лани. Најголемо е учеството на Триглав чии бруто технички резерви пораснале за 9,4 милиони евра до ниво од 31,5 милиони евра. Следуваат Еуролинк со 16,4 милиони евра, Осигурителна полиса со 15,9 милиони евра (3,2 милиони евра повеќе), Сава со 13,6 милиони евра и Винер со 12,6 милиони евра.

Комапнија со најголеми бруто технички резерви е Кроација осигурување – живот со 47,5 милиони евра пред најголемиот конкурент на пазарот на животно осигурување Граве со бруто техничка резерва од 40,8 милиони евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија