19 Мај, 2024
0.0346

АНЃУШЕВ: Здравјето на граѓаните нема цена, Југохром ќе работи кога ќе стави филтри

Објавено во: Економија 02 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, на денешната собраниската седница посветена на пратенички прашања, рече дека Југохром ќе проработи откако и само кога ќе се постави филтер. Со тоа вицепремиерот Анѓушев, вклучително и Владата на Република Македонија, на прво место го ставаат здравјето на граѓаните и зачувувањето на животната средина.

Во преговорите со сопственикот на металуршкиот комбинат и синдикатот на ЈугохромАлшар потпишан е Меморандум за соработка помеѓу Владата, раководството и синдикатот на компанијата, со кој се утврдени меѓусебни права и обврски и дефинирано е дека Југохром ќе се рестартира во оној момент кога ќе добие А-интегрирана еколошка дозвола за работа.

„Владата покажа добра волја и подготвеност да се помогне на компанијата во процесот на изградба на системот за отпрашување, односно да асистира во процесот на подигнување на заем на Југохром од Македонската банка за поддршка на развојот, процес во кој сепак и самото раководство на компанијата треба да покаже подготвеност, да вложи дополнителни 1 милион евра, за да се реши целата ситуација. Доколку таксативно се направат сите услови и околности според коишто треба да проработи Југохром, но тие да не се на штета на граѓаните, Југохром ќе работи и ќе придонесува за регионот и за економијата, а ние како држава и како влада ќе му помогнеме да ја исполни обврска и да постави филтер. Да, економијата е важна, полошкиот регион е со понизок степен на вработеност, но здравјето на граѓаните нема цена и тоа е најважно, а после тоа доаѓа економијата. Ние како влада ќе се грижиме и за едното и за другото. Очекувам Југохром да биде во функција до крајот на годината, но со сите соодветни промени и исполнување на сите еколошки стандарди. Затоа, нема потреба од загриженост за граѓаните или на еколошките здруженија“, рече вицепремиерот Анѓушев.

Во интерес на вработените во компанијата и на регионот е металуршкиот  комбинат да започне со работа, но дека тоа мора да се одвива согласно позитивните законски прописи за заштита на здравјето на граѓаните и заштита на животната средина, заклучи вицепремиерот.

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра