19 Мај, 2024
0.0341

Анѓушев: Македонските компании мора да станат поконкурентни

Објавено во: Економија 30 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев, учествуваше на состанокот на Бизнис Клубот на Општина Гази Баба, на кој присуствуваа градоначалникот Борис Георгиевски и претставници на компании кои работат во општината.

Вицепремиерот Анѓушев потенцираше дека во оваа општина функционираат голем број на успешни компании, чиешто работење е многу значајно за развојот на економијата во Скопје, но и на македонската економија воопшто.

„Кога ги креиравме мерките од Планот за економски раст одлучивме да направиме мерки кои ќе поддржат резултати, а не желби и токму поради тоа мерките ќе поддржат компании кои покажуваат раст во приходите и во бројот на вработени лица. На овој начин можност за добивање на државна поддршка ќе добијат мнногу поголем број на компании, отколку со претходниот модел, со кој се поддржани само дваесетина компании“, потенцираше вицепремиерот.

Тој додаде дека технолошкиот развој и внесување на иновациите, а со тоа и подигнување на конкурентноста на македонските компании, се во фокусот на Владата, со цел подигнување на нивото на извозот како учество во Бруто домашниот производ.

„Преку мерките сакаме да ги стимулираме стопанствениците да реализираат нови инвестиции, за технолошки развој на компаниите, со цел да ја зголемиме нивната конкурентност на пазарите. Ако сакаме да го покачиме бруто домашниот производ, треба да го стимулираме и извозот на македонските компании, а тоа може да го направиме само ако бидат поконкурентни на меѓународните пазари. Треба да бидете свесни дека целиот свет Ви е конкуренција  и затоа мора постојано да се развивате, а Владата ќе биде Ваш партнер во тој процес“, истакна Анѓушев.

Градоначалникот на Гази Баба Борис Георгиевски посочи дека 2735 стопанисуваат во оваа општина и посочи дека општината е отворена за соработка со сите компании независно дали станува збор за компании со домашен или странски капитал.

„Општина Гази Баба има идеја да формира јавно претпријатие кое би стопанисувало со четирите индустриски зони во општината, за нови инвестиции и побрз економски развој“, нагласи Георгиевски.

Претседателот на Бизнис клубот на Гази Баба, Богослав Ангеловски, кој е и сосптвеник на компанијата Ариље метал искажа силна поддршка за мерките од Планот за економски раст на Владата и посочи дека се вистинско охрабрување за остварување на нови инвестиции и подигнување на конкурентноста на компаниите.

„Стопанствениците од Гази Баба ги препознаваат можностите од Планот за економски раст и целосно ги подржуваат. Сега е вистински момент за реализација на инвестициски проекти, за да се подигне техничка-технолошката конкурентност на компаниите. Во моментов само 4,85% од компаниите се извозно ориентирани и 13,5% се увозни компании, со што може да заклучиме дека сме локана економија, а ние стопанствениците не сакаме да се помириме со ова. Мерките од Планот за економски раст се добра основа ова да се смени“, посочи Ангеловски.

Стопанствениците имаа и свои предлози како да се надогради Законот за финансиска поддршка на инвестициите, особено за пристап на свежи финансиски средства за компаниите, односно подобри услови за кредитирање на компаниите. Воедно бизнис заедницата побара од Собранието побрзо усвојување на Законот за финаниска поддршка на инвестициите, за да може мерките да почнат да се применуваат и компаниите да почуствуваат вистински бенефит од нивната имплементација. 


Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?