19 Мај, 2024
0.0281

Анализа за тоа како ќе заврши дуелот на ТЕ-ТО и „Топлификација“

Објавено во: Економија 02 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Банките ќе одлучат за судбината на ТЕ-ТО така што ќе го гледаат својот интерес и ќе продадат имот и постројка со опрема на тој што ќе плати најмногу. Со ова сценарио се оекува да заврши спорот помеѓу ТЕ-ТО од една страна и „Битар холдингс лимитед“ и “Топлификација“ од друга страна.

Од препукувањето во последниве два месеци изгледа дека нема никаков простор за меѓусебно помирување и подавање рака. Вплеткани во судските лавиринти: ТЕ-ТО и неговите акционери „БХЛ“ и „Топлификација“ веројатно дека ќе добијат само оние што имаат право врз имотот на најмодерната, најефикасната и високо профитабилна (во зависнот од цената на гасот) когенеративна централа ТЕ-ТО.

Ако се погледне структурата на обезбеденоста на долговите на ТЕ-ТО логично е да се заклучи дека на крај со активирањето на хипотеките ќе значи дека банките го имаат главниот збор. ТЕ-ТО во целост зависи од милостината на неговите акционери кои вбризгуваат кеш во форма на позајмици за компанијата да може да работи.На крајот на 2016 година долгот спрема банките изнесувал 55 милиони евра и за негово обезбедување е имотот на ТЕ-ТО вреден 100 милиони евра. Акционерите на ТЕ-ТО со учество од 150 милиони евра на крајот на 2016 година имале дадено позајмици на ТЕ-ТО кои во најголема мерка се без камата, но и се без обезбедување. 

На ТЕ-ТО му е неоходна финансиска инјекција за да може да ја покрие претстојната грејна сезона. За тоа му се потребни од 15 до 20 милиони евра за да набави гас. 

Ако ТЕ-ТО, кој досега редовно ги сервисирал своите обврски спрема банките, престане да го прави тоа сосема легитимно е кога ќе истечат роковите да дојде до постапка на активирање на хипотеките и на продажба на имотот на ТЕ-ТО. 

Сега во услови кога ТЕ-ТО нема перспектива зашто му е отворен стечај, „Топлификација“ е загрозена со стечај.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?