Добивај вести на Viber
Најголемиот светски производител на градежна и рударска опрема, американскиот Катерпилар, објави дека во третиот квартал остварил раст на нето профитот, но ги намали прогнозите за продажбата и приходите во оваа година. Нето заработката во тој период пораснала за 49 отсто, на 1,7 милијарди долари, или 2,54 долари по акција, во однос на истиот период лани.