21 Мај, 2024
0.0300

Амди Бајрам се плашел дека син му ќе го отрујат

Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Пратеникот Амди Бајрам на денешната прес-конференција изјави дека неговиот син, градоначалник и кандидат за нов мандат во општина Шуто Оризари, Елвис Бајрам, повреден во инцидент пред два дена, го извадил од болница плашејќи се да не го отрујат.

Амби Бајрам, политичкиот сојузник на ВМРО-ДПМНЕ, нема доверба во болницата „8 септември“ и го извадил неговиот син Елвис Бајрам бидејќи се плашел да не го отрујат. Елвис пред неколку дена беше повреден по голема физичка пресметка во Шуто Оризари откако се судрил неговиот тим со противничкиот табор пред нивни штаб. 

Елвис Бајрам е повторно кандидат за градоначалник на општина Шуто Оризари, но наместо во кампања времето ќе го помине во домашно лекување.

Од болницата „8 Септември“ пак, велат дека Елвис Бајрам е во стабилна состојба и дека требало да остане уште неколку дена во болница, но дека неговото семејство одлучило тој да си замине.

За инцидентот, Амди Бајрам ќе бара оставка од министерот за внатрешни работи Спасовски бидејќи обвини за политичка монтажа и обид за убиство на неговиот син кој бил нападнат со секири и шипки иако и самиот заработи кривична пријава за предизвикување тепачка.

– Барав демократски и фер избори. Министерот вети дека нема да се гледа страна, но тоа не се случи. Тој е министер на сите граѓани, а не само на СДСМ. Лага е дека Елвис Бајрам со шест луѓе ги нападнал. Не добро извршена истрага и монтиран случај. Не нападнал Елвис. Министерот не си ја знае својата должност и според мене, целото сценарио е негово. Излегува и обвинува дека Елвис предизвикал општа тепачка, а тој бил нападнат со секири и шипки, изјави Амди Бајрам.

Посочи дека верува во Јавното обвинителство и дека ќе си ја спроведе својата работа и ќе почне од почеток да го испитува случајот.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази