19 Мај, 2024
0.0266

„Alphabet“ е новиот сопственик на „Google“

Објавено во: Мои пари 11 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Американскиот технолошки концерн „Google“ ќе се здобие со нова корпоративна структура. Како холдинг компанија ќе се создаде нова компанија со името „Alphabet Inc.“, изјави Лари Пејџ во пост на корпоративниот блог. „Alphabet“ ќе биде збир од компании, од кои „Google“ ќе е најголемата, и ќе го замени „Google“ како берзански котирана компанија, пренесува „Bloomberg“. Во холдинг-компанија ќе влезат сите главни активности на „Google“, вклучувајќи го пребарувачот, услугите и „YouTube“, како и одделните сектори, како „Fiber“ и „Nest“. Исто под капата на ходлингот влегуваат и компанијата „Calico“ во која главен инвеститор е „Google“, како и инвестициските поделби „Google Ventures“ и „Capital Google“, а исто така и „Google X“. Новата структура требало да овозможи поединечните компании да се раководат по независно една од друга. Сите акции на „Google“ ќе бидат претворени во еднаков број акции на „Alphabet“ со еднакви права. Пејџ ќе биде на чело на „Alphabet“ како извршен директор, а Сергеј Брин ќе биде претседател на компанијата. Главниот финансиски директор на „Google“, Рут Порат ќе го задржи истиот пост и во „Alphabet“, а топ менаџерот Сундар Пичаи ќе го преземе раководството на „Google“. Оваа структура ќе биде воведена постепено во наредните месеци. „Alphabet“ ќе ги презентира резултатите на оваа нова структура некаде на почетокот на четвртиот квартал, што обично се објавуваат во јануари. Со овој потег инвеститорите ќе добијат повеќе информации за тоа како работат поединечни компании, што е долгогодишно инсистирање од „Wall Street“. Согласно промената на главната компанија, „Google“ ќе поднесе извештај за одделни резултати од своите инвестициски и истражувачки поделби. „ Ни се допадна името „Alphabet“, бидејќи тоа значи колекција на букви кои го претставуваат јазикот, една од најважните иновации на човештвото, и е во основата на тоа како ние пребаруваме со „Google search“. Самото име е игра на зборови од „Alpha“ – рентабилност над реперот, bet – залог) – нешто кон што се стремиме“, вели Пејџ. Потегот се усвои добро на „Wall Street“, па поради тоа цената на акциите на „Google“ поскапеа за околу 5%.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО