19 Мај, 2024
0.0282

Алкалоид дел од светски научен труд

Објавено во: Мои пари 01 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Во “Nature Medicine”, едно од најреномираните светски научни списанија е објавен оригинален научен труд под наслов  ”Отстранувањето на микрофлората промовира потемнување на белото масно ткиво и ја редуцира дебелината”. Ова откритие е дело на истражувачки тим на научници од одделот за клеточна физиологија и метаболизам при медицинскиот факултет на Универзитетот во Женева, предводени од проф д-р Мирко Трајковски, еминентен научник со македонско потекло во соработка со “Алкалоид”. Ова е исклучително значајно откритие во светски рамки и ја отвора сферата на сосема нови третмани против дебелината, со истражување алтернативни начини на супресирање- менување на микрофлората со ефикасни клинички третмани против дебелината.

- Поголемиот број беж клетки, што се појавуваат во белото масно ткиво, овозможуваат поголемо согорување на калориите, што укажува дека стимулирањето на нивниот раст доведува до редукција на дебелината. Отсуството на  микробиотата активира изненадувачки метаболички механизам, па белите масни клетки – што кога се во вишок, предизвикуваат дебелина и намалена чувствителност кон инсулинот – почнуваат да се  трансформираат во таканаречени “беж” клетки, слични на кафеавите масни клетки, кои пак штитат и од дебелината и од последиците предизвикани од неа, изјави професор Трајковски

За истражувачкиот тим ова научно достигнување претставува огромен успех во областа на клеточна физиологија и метаболизам на светско ниво. Има посебно значење и за македонската наука бидејќи претставува пионерско истражување од овој тип за чии цели се користени производи од портфолиото на “Алкалоид” како и стручно научна експертиза од фармацевти од компанијатапредводени од фарм.спец. Мирослава Илиeвска.

И за “Алкалоид” ова е дополнителен поттик за понатамошна соработка со научни институции од светски ранг како и поддршка на проекти од овој тип кои придонесуваат за дополнителна афирмација на земјата во светот.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО