19 Мај, 2024
0.0294

АКО ИМАТЕ ПРЕКИНИ ИЛИ ПОСЛАБ КВАЛИТЕТ НА СТРУЈАТА - жалете се и барајте надоместок на штета

Објавено во: Македонија 08 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Енергетските компании се подготвени за зимскиот период кој следува, производството на електрична енергија е стабилно, испораката е сигурна, а компаниите се соодветно екипирани согласно препораките од Министерството за здравство – ова е заклучокот од координативна средба што се одржала денеска на иницијатива на Регулаторната комисија за енергетика со енергетските компании ЕСМ, МЕПСО и ЕВН. 

„Изминатите месеци и во време на пандемија и вонредна состојба енергетските компании функционираа координирано и синхронизирано со што енергетскиот систем остана стабилен. Ова стекнато искуството е подготовка за зимскиот период кој следува. На состанокот ЕСМ информираше дека производството на електрична енергија е стабилно. ЕВН  ја гарантира сигурноста на испорака на електрична енергија и брзо отклонување на дефектите“, вели Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

Топј информира и дека Универзалниот снабдувач односно ЕВН Хоме не смее да ги исклучува од системот за електрична енергија ранливите потрошувачи во месеците декември, јануари и февруари поради неплатени фактури за испорачана електрична енергија. Ранливиот потрошувач има можност за одложено плаќање или плаќање на минимум шест еднакви рати доколку има доспеан долг. Исто така, ранливиот потрошувач кој е заведен во евиденцијата на Министерството за труд и социјална политика има право од ЕВН Хоме ДОО Скопје да бара да биде ослободен од обврска за плаќање на надоместок за повторно приклучување, како и бесплатно да му се направи вонредна верификација на мерната опрема. 

Бислимовски укажа и на уште една битна информација за потрошувачите.

„Сакам да ја информирам јавноста дека согласно член 197 став (3) од Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и 96/19) сите потрошувачи имаат право и можат да се жалат и да добијат надоместок за штета поради прекини во испораката на енергија со послаб квалитет од пропишаниот“, потенцира Бислимовски. 

Во Правилникот за определување на надоместок на штета има сет на мерки за  заштита на ранливите потрошувачи, при што е предвиден приоритетен третман на барањата кои ги поднесуваат ранливите потрошувачи за надоместок од претрпена штета поради несоодветен напон.

Можеби ќе ве интересира

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела