Зошто не треба да аплаудирате на секое слетување на авионот
Објавено во: Свет 19 Ноември, 2016
Доста често на летовите од Скопје се случува патниците да аплаудираат на пилотот откако авионот ќе слета, а тоа важи и за патниците од странство, што го прави глобален феномен, но сигурно малкумина го разбираат значењето на овој гест.
Според стјуардесата Кара Мулдер патниците аплаудираат во зависност од дестинацијата на која се упатени, па така ако се за забава на пример за во Лас Вегас ќе бидат многу порасположени отколку патниците кои одат на некој бизнис состанок или конференција.
Исто така Мулдер посочува дека често се аплаудира кога пилотот успешно слетал по големи проблеми и предизвици на летот, па затоа треба да знаете дека ниту сте обврзани ниту пак имате потреба да аплаудирате на секој лет.
Меѓу луѓето кои најчесто им аплаудираат на пилотите се и иселениците кои по долго време се враќаат да ги посетат семејствата или обратно. Патем речено и пилотите се обични луѓе кои само си ја вршат својата работа.