ДО КРАЈОТ НА МАЈ: Koи европски земји ќе ја признаат Палестина?
Објавено во: Свет 29 Април, 2024
Неколку земји од Европската Унија(ЕУ) ќе ја признаат Палестина до крајот на мај.
Оваа информација ја потврди шефот за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, пренесува „Ројтерс“.
Ирска и Шпанија претходно месецов ја повторија својата намера да формираат сојуз на држави кои наскоро ќе ја признаат Палестина како национална држава. 140 од 193 земји-членки на ОН ја признаа државата Палестина. На 18 април, САД ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност со која Палестина требаше да се признае како полноправна членка на ОН. Лани на 7 октомври палестинската терористичка група Хамас го нападна Израел со барање за формирање на независна држава Палестина со главен град Ерусалим, но бараа и ослободување на палестинските затвореници. Војната уште трае.