08 Мај, 2024
0.0259

ЗОШТО БРЗА ВЛАДАТА - по скратена постапка се носи законот за заем кај Светска банка кој ќе го враќаме уште 12 години

Објавено во: Македонија 23 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Владата не чекаше долго за да го земе кредитот од Светска банка од 90 милиони евра, за во кој предизборието имаше жестока политичка кавга на релација власт-опозиција, односно меѓу двете дами тогаш на првите две раководни позиции во Министерството за финансии, Нина Ангеловска и Гордана Димитриеска-Кочоска.

Во Собранието стигна предлог законот за задолжување на земјава кај Меѓународната банка за обнова и развој, која е дел од Групацијата на Светска банка, за финансирање на Проектот за итно справување со ковид 19.

Она што е интересно, е дека законот ќе се носи по скратена постапка.

Од Владата не дале подетално образложение зошто законот за задолжување на голема сума, од близу 100 милиони евра, ќе се турка без да ги помине сите собраниски филтри.

„Со оглед на тоа што се исполнети случаите утврдени во член 170 алинеја 1 од Деловникот на Собранието, односно не е во прашање донесување на сложен и обемен закон, се предлага Законот да се донесе по скратена постапка“, се вели во кусото владино образложение по ова прашање.

Се претпоствува дека причина е фактот што кредитот беше договорен со светските банкари уште во април, но поради противењето на тогашната дополнителна заменичка од ВМРО-ДПМНЕ, власта реши да почека неколку месеци и повлекувањето да го остави за после изборите. Веројатно и затоа сега е ова брзање за земањето на кредитот.

„Согласно Законот за јавен долг, во име на Република Северна Македонија договор за заем склучува Владата, кој министерот за финансии го потпишува во името на Владата, по претходно донесен закон за задолжување. Имајќи го предвид наведеното, Владата изготви Предлог Закон за задолжување, со заем кај Светска банка по Договорот за заем, по скратена постапка, кој го доставува до Собранието. Поради итноста на потребата за склучување на Договорот за заем, овој закон треба да влезе во сила со денот на објавувањето во Службен весник“, се вели во образложението.

Предлагач е Владата, а како претставници кои ќе го бранат се наведени министерот за финансии, Фатмир Бесими, министерот за здравство Венко Филипче, и министерката за труд и социјала Јагода Шахпаска.

„Основни цели на проектот се да се спречи, открие и да се одговори на заканата од коронавирусот и да се зајакнат националните системи за подготвеност на јавното здравство“, велат од Владата и додаваат дека бенефитите од проектот ќе ги почувствува целокупното население, земајќи ја предвид природата на заболувањето, заразените лица, популацијата под ризик, особено старите лица и со хронични болести, медицинскиот персонал и институциите за тестирање, како и јавните здравствени институции ангажирани за справување со ковид. Како корисници ќе се вклучат и лицата кои имаат потреба од социјална заштита, преку обезбедување на социјални трансфери.

Од Владата во своето образложение опширно елаборираат какви компоненти и поткомпоненти содржи проектот, односно за што точно ќе се трошат 90 милиони евра. Меѓу нив е обезбедување на здравствена опрема и медицински материјали, обезбедување здравствено осигурување за ранливи корисници, обезбедување на привремена поддршка за социјала, за невработеност и слично.

Како и вообичаено, за да се склучи договор со СБ за еден вака голем заем, неопходно е претходно нашето Собрание да го усвои законот за задолжување, и тој да биде објавен во Службен весник.

А како што е наведено во законот, рокот за отплата на заемот е 12 години, со вклучен грејс период од 3 години. Каматната стапка е шестмесечен ЕУРИБОР со варијабилен распон.

Заемот ќе се отплаќа на 18 полугодишни рати, од кои 17 полугодишни рати секоја во износ од 5,56 отсто од износот на заемот, додека последната 18 рата во износ од 5,48 проценти. Заемот ќе се отплаќа на 15 март и 15 септември секоја година.

Како што се вели во законот, согласно прописите на СБ, земјава како заемопримач има обврска да и плати на банката повизија од 0,25 отсто од износот на заемот (Front-end-fee). Оваа провизија за Проектот изнесува 225.000 евра и ќе биде платена еднократно од средствата на заемот.

„Република Северна Македонија ќе ѝ плаќа на СБ провизија во висина од 0,25 отсто од неповлечениот дел од заемот на годишно ниво, со исклучок на периодот од една година од датумот на пресметка на оваа провизија кога истата ќе изнесува 0 отсто“, се вели во предлог законот.

Корисници на средствата од заемот се Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика.

По усвојување на Законот за задолжување од страна на Собранието и неговото објавување во Службен Весник, предвидено е склучување на Договор за заем меѓу земјава и СБ.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава